Дали е подобар сапунот или гелот?

Што е подобро според вас? Сапунот ја суши вашата кожа и таа почнува да пука. Лосионите за тело ја поправаат штетата, но за вистински мазна и нежна кожа почнете да употребувате гел за туширање наместо сапун.Додека геловите се навистина големо откритие, па освен што го заменуваат сапунот  ја хранат кожата правејќи ја мазна. Најдобриот момент е тоа што оставаат убав мирис, го разнежуваат телото и духот додека сте под тушот.
Денес постојат многу видови на гелови. Па така можете да најдете од овошје, зеленчук како на пример, освежителната краставичка, и секако од билки и цветови.
Постарите луѓе често велат дека ако не ја истријат кожата со сапун имаат чувство како да не се избањале. Самата сувост на кожата ги залажува дека тогаш се отстранети сите нечистотии.
Но геловите за туширање одлично ја чистат кожата. Иако се поскапи од сапуните, сепак ќе ве поштедат од честото купување млеко за тело. Има и такви кои се густи, на база на млеко, и по кои немате потреба од мачкање на кожата со лосиони.
Геловите пред сé се создадени за да се спречи пренесувањето на кожните болести и зарази. Преку сапунот пренесувањето е многу лесно. Доволно е да се измиете со истиот сапун по некој од фамилијата и да го пренесете на вас неговиот проблем со кожата. Додека гелот е еден вид шампон за кожата и нема никаков директен контакт со кожата, сé додека сами не го нанесете.Додека геловите се навистина големо откритие, па освен што го заменуваат сапунот  ја хранат кожата правејќи ја мазна. Најдобриот момент е тоа

Пронајдете не на следниве мрежи: