Без разлика дали сакате да вежбате сами или со пријателите, и двата пристапи имаат свои доблести и маани.Доколку се држите само до еден начин на вежбање, можно е да ги пропуштите сите оние позитивни аспекти кои ги нудат другите начини, наведува Мајк Донаваник, фитнес експерт.
Мајк наведува предности и маани на различните начини на вежбање и истакнува дека комбинацијата од сите три режими остварува најдобри резултати.
Самостојно вежбање
Предности: овој начин на вежбање ќе ви го овозможи потребниот мир и тишина – ќе можете да го слушате своето тело и да постигнете внатрешен баланс.
Маани: многу е лесно да се “заглавите” во рутина, која може негативно да влијае врз резултатите од вежбањето. Исто така, само вие сте вашата мотивација и поддршка, што не секогаш е најдобрата опција.
Вежбање со пријател
Предности: вашиот пријател може да ви помогне доколку ви се потребни инспирација и мотивација за вежбање. Исто така, мала е веројатноста дека вашиот тренинг ќе биде монотон – поголеми се шансите дека успешно ќе го спроведете до крај.
Маани: доколку вашиот партнер не е подеднакво брз или силен, направете си услуга да дадете сè од себе, за да постигнете многу повеќе.
Вежбање во група
Предности: часовите за вежбање во групи се од исклучителна корист за луѓето на кои им е тешко да се самодисциплинираат бидејќи со тоа нема да го пропуштите тренингот, дури и ако вашиот пријател не може да дојде.
Маани: за жал, со овој начин на вежбање е тешко да ги прилагодите вашите желби и можности. Точно е тоа дека инструкторот може да ги поправи вашите грешки при вежбањето, но тоа не значи дека тренингот е прилагоден на вашите потреби.
Доколку се држите само до еден начин на вежбање, можно е да ги пропуштите сите оние позитивни аспекти кои ги нудат другите начини, наведува Мајк До



