Ако се` уште не сте заминале на годишен одмор, сигурно сте го проверувале календарот и сте ги броеле деновите од циклусот за на плажа да не ве изненади менструацијата.И додека некои жени на менструацијата за време на одмор на море само одмавнуваат со раката, други се плашат и забораваат на капење во тие денови.
На многу жени, жените од постарите генерации им всадиле страв во коски дека капењето за време на менструација е опасно по здравјето. Исто како што не се препорачува туширање во многу топла или многу студена вода за време на циклусот, така и за време на годишните одмори и капењето во море треба да следи одредени правила.
Температурата на водата не треба да биде премногу студена, а пред и по влегувањето во неа треба да се промени тампонот, советува доктор Ула Мартон.
Исто така, не треба да се останува во воден костим за капење по излегувањето од морето, а ако имате пообилна менструација или некои здравствени, гинеколошки проблеми, пред одењето на море посоветувајте се со својот гинеколог.И додека некои жени на менструацијата за време на одмор на море само одмавнуваат со раката, други се плашат и забораваат на капење во тие денови.