Новиот претседател на СДСМ, Зоран Заев мандатот го започна со низа гафови искажани на јавни настапи, интервјуа во медиуми, па дури и во сопствена колумна во Утрински весник. Ништо подбро Заев не се снајде ниту на состаноците на Комисијата за 24-ти декември, каде според наши извори, после разговорот за Северина на почетокот, Заев бил најмаргинален играч на масата.Новиот претседател на СДСМ, Зоран Заев мандатот го започна со низа гафови искажани на јавни настапи, интервјуа во медиуми, па дури и во сопствена колумна во Утрински весник. Ништо подбро Заев не се снајде ниту на состаноците на Комисијата за 24-ти декември, каде според наши извори, после разговорот за Северина на почетокот, Заев бил најмаргинален играч на масата.
Според извори на Курир, Заев се јавил само во три прилики за време на заседавањето на Комисијата, доколку не се смета разговорот за Северина кога се пофали дека градот заработил од гостувањето на хрватската ѕвезда.
При неговото прво обраќање, според нашите извори во Комисијата, никој не го разбрал новиот лидер на СДСМ што сака да каже, по што членовите на Комисијата меѓусебно се прашувале која била поентата на струмичкиот градоначалник.
Во втората прилика, Заев се обидел да им стави до знаење на присутните дека тој е посилен од поранешниот претседател на СДСМ, Бранко Црвенковски, па се пофалил дека 24-ти декември никогаш не го спомнал во кампањата, а сепак успеал да победи на локалните избори.
При овие негови зборови иако тој добил знаци дека ваквите ставови можат да стигнат до стариот лидер на СДСМ преку неговата блиска соработничка Рената Дескоска, сепак Заев не сфатил за што станува збор и продолжил со фалењето дека тој за разлика од Црвенковски не го искористил фамозниот 24-ти декември во кампањата.
Третото јавување на Заев пред присутните во Комисијата било повеќе од симболично, користејќи ги зборовите „треба да си простиме“, велат нашите извори.
Тоа било се’ од новиот претседател на СДСМ. Заев останал без зборови кога претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски му кажал „знаеш ти што се договоривме, јас, ти и Борче Давитковски“ во однос на правните квалификации.
Покрај ова, новиот претседател на СДСМ во најважниот дел од преговорите дошол до вратата на неколку метри од преговарачите и излегол, оставајќи ја неговата заменичка Радмила Шекеринска да преговара. Наместо тоа, Заев се одлучил да ги почести новинарите кафе и сок, на само неколку метри од важниот состанок, без да се уважи да влезе таму и да помогне да се решат несогласувањата.
Заев во јавноста се појави три пати за скори три месеци, даде неколку интервјуа и исто толку негови гафови станаа мета за потсмев од страна на јавноста. Кога за прв пат од кога е на функција требаше да донесе одлука во корист на партијата, Заев ја прокоцка шансата во која влогот е огромен. На клучниот предлог од Груевски за можни предвремени избори, Заев се заклучи во канцеларија и ја пушти Шекеринска да го пренесе партискиот став кој ја збуни јавноста. Се чини дека Македонија е единствена земја во која власта предлага, а опозицијата одбива избори.
Членството и раководството на СДСМ очигледно со цел да нема нов гаф и бламажа, го држат Заев настрана и чувствуваат потреба да го одбранат од критиките по сите непромислени изјави.
КурирНовиот претседател на СДСМ, Зоран Заев мандатот го започна со низа гафови искажани на јавни настапи, интервјуа во медиуми, па дури и во сопствена к