Дали Фејсбук ќе заврши како МајСпејс?

Руперт Мардок смета дека Фејсбук може да доживее иста судбина како и неговиот проект МајСпејс, кој преку ноќ исчезна од мапата на социјални мрежи.
Тој изнесе неколку факти кои воопшто нема да му се допаднат на основачот на Фејсбук. Па тој вели дека во 2005 година го купил МајСпејс по цела од 580 милиони долари а потоа во 2011 година го продал за 35 милиони долари, по безуспешниот обид да го зголеми бројот на корисници.
Акциите на Фејсбук од 38 долари вредност биле зголемени за преку 100 милијарди долари, но многу брзо доживеале рекорден пад во септември за 17,729 долари. Сега  се стабилизира нивната вредност на 26, 13 долари, па моменталната вредност на Фејсбук е 63 милијарди долари, што е скоро 40% помалку од вредноста што ја имала компанијата .
А пак Марк Закенберг три месеци откако започна да опаѓа вредноста на акциите на Фејсбук напиша смирувачко писмо:-На берзата излеговме поради нашите вработени и инвеститори, се обврзавме дека ќе работиме напорно за да ја оправдаме нивната доверба.
Но, како што можеме да забележиме, тоа не било доволно за вредноста на акциите да се задржи на високо ниво.
Фејсбук презема неколку иницијативи за да се подобри состојбата, започна со прход од реклами пласирани на мобилните телефони. Па огласувањето преку мобилните телефони изнесува 30 % од приходите од реклами. Тоа значело зголемување на приходите до 1,24 милијарди долари.
Ова сепак може се охрабрувачки податоци за Марк, па изгледа дека сепак има надеж за неговото „животно дело“.Руперт Мардок смета дека Фејсбук може да доживее иста судбина како и неговиот проект МајСпејс, кој преку ноќ исчезна о

Пронајдете не на следниве мрежи: