Во јавноста се појавија повеќе детали и слики за Galaxy F, првиот уред од новата „F“ серија на Samsung која би требала да ја таргетира највисоката класа на купувачи. Да погледнеме кои се разликите од обичниот Galaxy S5…Преку Galaxy F серијата, Samsung сака да произведува телефони без никакви компромиси во дизајнот и перформансите. Новиот модел, иако изгледа слично на Galaxy S5, сепак постојат неколку клучни разлики – примарно, тоа е куќиштето кое што целосно е изработено од алуминиум.
Samsung доби голем број на критики за дизајнот на Galaxy S5, кои најчесто беа насочени кон „пластичниот“ изглед на уредот. Ова е одговорот на корејската компанија која се надева дека сега купувачите ќе бидат позадоволни со своите телефони.
Втората новост се перформансите. Galaxy F ќе го користи новиот Snapdragon 805 процесор, а најверојатно и ќе добие повеќе RAM меморија. Камерата ќе остане идентична со резолуција од 16 мегапиксели и ISOCELL технологија, а ќе бидат задржани и скенерот на пулс и скенерот на отпечатоци.
Дознајте повеќе на gsm.mk
Преку Galaxy F серијата, Samsung сака да произведува телефони без никакви компромиси во дизајнот и перформансите. Новиот модел, иако изгледа слично