На денешниот „Отпор против режимските лаги“ поранешниот македонски премиер Љубчо Георгиевски порача дека демократијата и слободата во Македонија биле загрозени.
– Демократијата и слободата во Македонија се загрозени. Ние немаме демократија која треба да нè одликува на патот кон ЕУ. Некои принципи кои се воспоставија како принципи во цела ЕУ, последните години во Македонија масовно се уништуваат. Видете ја казнената политика и диктатура во оваа земја, изјави Георгиевски.
Георгиевски се приклучи кон политиката на неговиот долгогодишен политички ривал Црвенковски, а по оваа негова изјава за јавноста остануваат неколку отворени прашања. Упатените во сегашните и случувањата од минатото збунети за тоа за каква демократија зборува Георгиевски.
Георгиевски во 1998 година ја презема функцијата премиер. Во тој период А1, Нова Македонија и Вечер ја поддржуваа политиката на СДСМ, а немаше ниту еден опозициски медиум.
Според ова сосема е логично јавноста да го запраша Георгиевски дали во тој период смета дека имало демократија? Исто така, се поставува прашањето дали до 1996 тата година кога постоеја само Македонската Радио Телевизија и Нова Македонија имало демократија?
Дали кога Георгиевски сега зборува дека постоела диктатура и немало демократија, мисли на „демократијата“ во времето кога се апсеа неговите соработници, Ламбе Арнаудов, Војо Михајловски и Слободанка Шуклева и кога имаше над 1000 кривични пријави за членови на ВМРО- ДПМНЕ. Или пак можеби, Георгиевски мисли на демократијата кога се бркаа масовно од работа неистомисленици во времето на СДСМ во 2002 година.
Георгиевски очигледно смета дека Македонија била демократска држава кога во процесот на приватизацијата без работа останаа над 200. 000 луѓе. Ова се прашања кои секако ги засегаат македонските граѓани, кои според Георгиевски, тогаш живееле во демократска државата, а сега под „диктатура“.На денешниот „Отпор против режимските лаги“ поранешниот македонски премиер Љубчо Георгиевски порача