Без оглед дали сте се исекле во кујна или сте ранети во борба, приоритет на секој лекар е да го запре крварењето.Нов гел, кој е создаден во една лабораторија во Њујорк, би можел да спаси илјадници човечки животи, бидејќи го запира крварењето за само неколку секунди.
Тој е направен од растителни полимери.
„Вети гел“ функционира преку природните исцелувачки механизми на телото и влијае на згрутчувањето на крвта.
Гелот е дело на Џои Ландолина, кој е биомолекуларен хемиски инжинер и некогашен студент на Политехничкиот институт при Универзитетот Њујорк. Тој е основач на компанијата „Сунерис“.
„Вети гел“ ги користи растителните хемофилни полимери, кои се сврзуваат со крвта и ја згрутчуваат. Гелот ја менува бојата и обликот во интеракција со ткивото, што во почетокот ги изненадило инжинерите.
Тој има антибактериски својства и потполно е сигурен за употреба.
Оваа техника би можела да замени скоро 80% од постоечките средства, како што се фластерите, антисептичките гелови и завоите.
Компанијата работи на тоа американската Агенција за храна и лекови, да го одобри гелот за човечка употреба.Нов гел, кој е создаден во една лабораторија во Њујорк, би можел да спаси илјадници човечки животи, бидејќи го запира крварењето за само неколку се
©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK> може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.