Дали има Македонци на листата на Форбс за најбогати милионери на Балканот?

Форбс направи посебна листа за најбогати милионери на Балканот. Погледнете ја листата и пронајдете дали има некој Македонец кој ја има честа да биде на оваа листа на американскиот магазин Форбс. 1. Најбогатиот на Балканот според листата на Форбс е сопственикот на „Агрокор“, Ивица Тодоровиќ. Според пресметките на Форбс неговото богатство е проценето на 581.8 милиони евра, а во неговата фирма работат повеќе од 30 илјади луѓе. 

2. На второ место е скромниот Санди Чешко од  Студио Модерна – Словенија кој по пат на директна продажба преку телевизија (топ-шоп), го зголеми своето богатство на  481.6 милиони евра. Тој е претставен како скромен милионер кој нема секретарка, јахта и викендица.

3. Сопственикот на холдинг компанија, Миодраг Костиќ, се најде на третото место од оваа листа. Тој е еден од најуспешните луѓе во Србија, а неговто богатство е проценето на 234 милиони евра. Неговата Мк-група содржи 36 претпријатија кои се меѓусебно поврзани. 

4. Четврт на листата на Форбс за најбогати милионери на Балканот е  Емил Тедеши со 145,5 милини евра. Тој е сопственик на Атлантик Груп која е  хрватска мулинацинална компанија и ги застапува брендовите Росал, Кокта, Аргета, Смоки и др.

5. Вук Хамовиќ е сопственик на ЕВТ-груп и тој се најде петти на оваа листа.  Тој живее и работи во Лондон и се смета дека е најголем трговец со струја од Украина до Грција.

6. На листата на Форбс за најбогати милионери на Балканот се најде и најбогатиот Македонец  Минчо Јорданов со богатство од 35 милиони евра. Најважен извор на неговите приходи е фирмата Макстил. Неговата клиника Ремедика е една од најмодерните  здравствени установи во земјава. Тој исто така е сопственик на ракометниот клуб Металург и на винаријата Стоби, а во градежната фирма Бетон поседува 2.4 милини евра.
1. Најбогатиот на Балканот според листата на Форбс е сопственикот на „Агрокор“, Ивица Тодоровиќ. Според пресметките на

Пронајдете не на следниве мрежи: