Како што е обичај со големите катастрофи и несреќи, така овој пат исчезнатиот малезиски авион е искористен од страна на разни измамници, кои ги користат сите можни начини за да успеат во нивниот план.Во последниве денови на интернет се појавија еден куп „контроверзни“ линкови за потрагата по исчезнатиот малезиски авион.
Линкови со наводно ексклузивни вести се шират преку социјалните мрежи, како Фејсбук и Твитер.
На пример, објавена е вест дека исчезнатиот авион бил пронајден, на која има фотографија од авионот во море. Потоа дека мобилните телефони ѕвонат, а никој не крева, фотографии од патниците кои биле во авионот итн.
Секоја вест поврзана со авионот го врти целото внимание на јавноста за оваа катастрофа и го поставува прашањето каде се патниците навистина? Што стои зад целата несреќа?
Дали авионската несреќа е само „новинарска патка“ која би го завртела вниманието на јавноста од секојдневните настани во Крим, Киев, заканите од САД кон Русија и обратно?
По медиумите се наговестуваше дека ова е почеток на трета светска војна… А да бидеме реални во војна нема победници. Многумина рекоа дека Македонија и покрај тоа што ќе мора да биде во составот на еден од противниците, нема да биде „бојно поле“. Јасно е дека и ние ќе ги почувствуваме последиците.
Еден докажан спин доктор, магистер по комуникации од САД го изнесе своето мислење, кое се темели на големо искуство во медиумскиот простор, дека целата фама и прашина која се крена околу исчезнатиот малезиски авион е одвлекување на вниманието на јавноста откако се затегна обрачот на североистокот на Европа.Тој потсетува дека токму кога се случи терористичкиот напад на кулите близначки во Њујорк, се појавија еден милион вести за колапсот на американската влада.
Тоа е на некој начин бирање на помалото меѓу двете зла кои го протресоа светот изминативе неколку недели.
Бидејќи 95 проценти од јавното мислење го креираат медиумите, понекогаш не знаеме во што да веруваме и кои се најрелевантните информации кои ни се нудат.
Колумната не смее да се презема без согласност на Пулс24Во последниве денови на интернет се појавија еден куп „контроверзни“ линкови за потрагата по исчезнатиот малезиски авион.
Линко