Постојат многу квалитети и особини коишто влијаат врз нашиот успех, но експертите велат дека една особина е клучна. Дали некој ве има опишано како совесна личност, ви рекол дека сте совесен работник?Ако вашиот одговор е позитивен, тоа е добра вест. Имено, токму совесноста е особина која долгорочно гарантира успех на сите животни полиња.
Успешните и стабилни луѓе ги красат многу особини, а најважна е совесноста.
Совесните луѓе се внимателни кога работат нешто, педантни, темелни и сѐ сакаат точно да обработат. Ги одликува самодисциплина, организираност, промисленост и желба за успех. Никогаш не доцнат, фокусирани се на извршување на задачите и секогаш подготвено им помагаат на колегите.
Низа скорешни истражувања покажаа дека учесниците коишто ги красела совесноста, имале подобра работа и поголеми приходи. Исто така, имале подобри резултати при школувањето и постабилни љубовни врски.
Освен успех, совесните луѓе можат да се пофалат и со подобро здравје. Најчесто не пушат и не пијат, поради што помалку се разболуваат и подолго живеат.
„Совесноста е како миењето заби – во старт се спречува појава на проблем. Луѓето со таа особина секогаш имаат план. Дури и кога ќе се случи неуспех, тие веќе знаат како ќе се носат со тоа“ – вели Брент Робертс, психолог од универзитетот во Илиноис.Ако вашиот одговор е позитивен, тоа е добра вест. Имено, токму совесноста е особина која долгорочно гарантира успех на сите животни полиња.