„Дали ја оставив ринглата вклучена?“- Овие вежби ќе ви помогнат да се сетите буквално на сé

Loading...

Ново истражување покажало дека луѓето на возраст од 18 до 34 години полесно забораваат кој ден е денес за разлика од педесет и пет годишни луѓе. Дури 14% од помладата популација не можат да се сетат каде им се клучевите, а 6% забораваат да се истушираат. Со помош на овие вежби полесно ќе помните имиња или пак дли сте ја оставиле ринглата вклучена.Визуелизација
Дали треба да запомните некој список или име? Шансите се поголеми да ги запомните потребните информации доколку зборовите ги поврзете со слики. На пример, ако треба да се сетите на состанокот кој ви е закажан во 14:30 попладне, помислете на омлениот квартет на пример Битлси или на тортата која сте ја имале за роденден.
Baker-Baker парадокс
Научниците на група луѓе им покажале фотографија од еден човек. Половината од нив рекле дека човекот се вика Бакер, а другата половина дека човекот од фотографијата е пекар (Baker = пекар анг.превод). Кога подоцна им ја покажале истата форографија и ги замолиле да се сетат на зададената задача, групата која рекла дека професијата на човекот од фотографијата е пекар, полесно се сетила на бараниот одговор. Објаснувањето е едноставно: иако сликите и зборовите се идентични, кога помислиме на пекар, во главата ни се појавуваат низа други асоцијации како на пример мирис, вкус, леб, кујна и сл. Затоа, кога се обидувате да запомните детали, потрудете се да ги поврзете со некоја приказна, настан или личност.

 

Методот на Цицерон
Поминете покрај вашиот стан или некоја друга градба во која поминувате поголем дел од денот. Секоја просторија поврзете ја со одреден поим, информација, клучен збор или име кое саката да го запомнете. Кога сакате да се сетите на тој податок, замислете дека поминувате низ таа просторија од куќата или станот, и она што вам ви било тешко да го запомните лесно ќе се појави во вашата глава. Оваа техника ја користел Цицерон кога ги вежбал своите говори.
Етикетирајте ги луѓето
Френлин Рузвелт бил познат по тоа што имал одлична меморија. Можел да се сети на име на било која личност која ја сретнал само еднаш во животот,  пред еден месец, без притоа да има било каков проблем. Во што лежи неговата тајна? Замислувал и визуелизирал дека имињата на луѓето се запишани на нивните чела. Оваа техника е уште поефективна доколку замислувате дека нечие име е запишано со маркер во вашата омилена боја.
Вежбајте ја вашата меморија
Крстозборите и судоку се одлична вежба за вашиот мозок. Тука е и Lumosity, сет на вежби кои можете да ги испробате на вашиот компјутер. (www.lumosity.com) . Овие ментални вежби ја подобруваат меморијата за 97% за само 10 часа вежбање.
M.M.Визуелизација
Дали треба да запомните некој список или име? Шанс

loading...
Loading...