Дали Камелот навистина постоел некогаш?

Интересен факт е дека во најстарите документи за кралот Артур не се содржани никакви информации за Камелот. За местото нема никакви информации дури до XII век, кога францускиот поет по име Кретиен де Троа го спомнува во една поема за Ланселот.Потоа, во 1485 година во нарацијата на Сер Томас Мелори се вели дека озлогласената тркалезна маса се наоѓа во големата сала од палатата во Винчестер.
Постојат и шпекулации дека зборот Камелот доаѓа од латинското „Camulodunum“ – најстарото село во Англија според Римјаните. Тоа се претворило во голема тврдина, кога римските легии упаднале на Островот. Се наоѓа на територијата на денешен Есекс. Пред освојување на Римската империја, селото претставувало дом на бројни келтски племиња.
Искажана е и теорија дека Камелот е поврзан со реката Камел (Camel) во Корнвол. Во една од Артуровите легенди е споменато дека кралот е роден во замокот Тинтагел во Корнвол. Можно ли е во близина да постоело големо кралство, за кое не знаеме ништо?
Можеби најдобрата трага се појавува во 1542 година, кога човек по име Џон Леланд патувал низ Англија за да собере малку познати историски сведоштва. Тој пишувал за „град или замок“, наречен Камалат кој се наоѓал јужно од Кадбери. Локалните селани му раскажале дека Артур често го посетувал Камалат. Леланд пишува дека на врвот од ридот открил остатоци од темели на ѕидови, расфрлани на површина од 20 акри.
Можно ли е овие остатоци да припаѓаат на Камелот од Артуровите легенди?Месноста се наоѓа во денешен Сомерсет, но е исто толку можно целата историја да е само дел од фолклорот на локалните жители.
Најверојатно никогаш нема да дознаеме дали Камелот се наоѓа во Винчестер, Есекс, Корнвол, или на друго место на британските острови. 
Има и веројатност легендарниот дворец да не постоел воопшто, но трагањето по неговата точна локација е интересно само по себе.Потоа, во 1485 година во нарацијата на Сер Томас Мелори се вели дека озлогласената тркалезна маса се наоѓа во големата сала од палатата во Винчесте

Пронајдете не на следниве мрежи: