Дали ќе ја сретнете сродната душа во 2015?

Loading...

Каков ќе биде вашиот љубовен живот во 2015?Овните, Близнаците, Лавовите, Вагите, Стрелците и Водолииите оваа година ќе бидат особено среќни кога љубовта е во прашање…А еве што ги очекува сите знаци:
Овен
Затоа што сте упорни и дрски, не се откажувате додека не го  изморите противникот, односно тој што ви паднал во око. Младите дами може да се најдат на мета на додворување на Водолија или Лав, а на појакиот пол ќе им се допадне еден Близнак или Стрелец.
Бик
Секогаш се трудите да оставите силен впечаток на личноста која ви се допаѓа. На некој Рак ќе му се допадне вашиот заштитнички став а на Девицата сигурноста со која зрачите. Ако сте дама тешко дека ќе одолеете пред упорниот Јарец или романтичните Риби.
Близнаци
Весели сте, духовити и забавни, во ваше друштво никогаш не е досадно. Во оваа година ќе ве освои некоја шармантна Вага или таинствена Водолија, особено ако сте жена. Машките претставници ќе привлечат Лавица или Овен!

 
Рак
Романтични сте и никогаш не ви е доста од нежности. Една Скорпија или сензуална Риба ќе го привлече вашето внимание. Мажите Ракови треба да посветат внимание на Бил или Девица.
Лав
Страствени сте и топли, па често паѓате на надворешниот сјај, но сепак подоцна успеете да ги препознаете вистинските емоции особено ако истите потекнуваат од страствен Овен или романтична Вага. Ако сте маж, нема лесно да одолееете пред една девојка во знакот на Близнаци или Стрелец.
Девица
Вашата практична природа, најмногу им годи на луѓето кои умеат да уживаат, а таков во новата година ќе биде Бикот, но може да ве импресионира и еден Јарец. Машките претставници ќе ги привлече една Скорпија.

 
Вага
Важите за еден од најшармантните знаци, поради тоа спротивниот пол ви „се лепи“. Една тешко достапна Водолија или пак зборлив Близнак може да ви го привлече вниманието. Ако сте маж, ќе ве заинтересира Стрелец или Лав.
Скорпија
Поради вашата харизматичност и таинственост, вие никогаш нема да останете незабележани, и секогаш зрачите со сексапил. Во новата година ќе се обидете да освоите една Риба, ако сте маж. Жените Скорпии може да се заљубат во срамежлива Девица или воздржан  Јарец.
Стрелец
Спонтани сте и природни, весели и опуштени, вистински магнет за Лав или „откачена“ Водолија.  На машките претставниви може да им се допадне некоја страствена дама во знакот на Овен или тактичната Вага.

 
Јарец
Оваа година може да имате паралелна или тајна врска со Девица или Скорпија. Ако сте дама нема да останете имуни на додворувањето на маж роден во знакот на Риба или Бик.
Водолија
Уживате да ја шокирате околината во се, па зошто тогаш љубовните односи да бидат исклучок? Може да ве заинтересира некоја Вага на која ќе и се допадне вашиот немирен дух или Близнак кој нема да прави проблем затоа што постојано менувате планови. Жените Водолии ќе бидат воодушевени од еден Стрелец или Овен.
Риби
Вашата сензуалност и еротичност нема да останат незабележани, каде и да се појавите, особено ако сте дама. Една Скорпија или упорен Рак ќе се обиде да ве освои. Ако сте машко можеби ќе освоите некоја дама родена во знакот на Јарец или Бик. Овните, Близнаците, Лавовите, Вагите, Стрелците и Водолииите оваа година ќе бидат особено среќни кога љубовта е во прашање…А еве што ги очекува с

loading...
Loading...