Оваа работна недела ќе помине во прилично стабилни метео услови. Генерално, „поубаво“ ќе биде на повисоките места, каде во текот на целата недела се очекува да се задржи ведро и топло време.Котлините и понатаму остануваат со препознатливото „заматување“ на атмосферата.
Во среда и четврток ќе има нешто повеќе услови за појава на шумите позначајна котлинска магла во утринските и вечерните часови.
Во однос на температурата, минималната ќе има вредности генерално во дијапазонот од -3°С до 0°С низ котлините. Повисоките места, особено во источниот регион ќе бидат постудени, со минимална температура околу -4°С.
Дневната температура ќе биде над просек за овој дел од годината, особено на повисоките места и во југоисточниот крај. На југоисток таа од вторник се до четврток ќе има вредности околу 18°С, а на повисоките места во источниот крај околу 14°С.
Низ котлините се очекува температурата да има вредности од 10°С до 14°С, но не е исклучена локална стагнација на температурата во текот на денот во котлините каде маглата ќе се пролонгира во текот на претпладнето.
Мал пад на температурата се очекува во петок.
Слично време, барем според долгорочните прогнози кои не се секогаш најпрецизни нѐ очекува и текот на јануари.
Котлините и понатаму остануваат со препознатливото „заматување“ на атмосферата.
Во среда и четврток ќе има нешто повеќе услови