Прикажаниот „автобус на иднина тоа“ во Кина е на пат да биде спектакуларна измама, алармираа локалните медиуми. Тој беше демонстриран во пролет, бидејќи само неколку месеци подоцна започнаа тестирањата на патиштата на земјата.Според информациите, првиот проблем на ТЕВ-1 се неговите димензии, бидејќи во земјата максималната дозволена висина за возила е 4,2 метри, додека кај овој автобус таа достигнува 8 метри. Во исто време, возилата кои поминуваат под него, треба да се максимум 2,1 метри високи, што значи дека поголем камион нема како да се собере.
Излегува исто дека концептот на автобусот-портал кој го демонстрира ТЕВ-1, воопшто не е нов. Таа идеја била понудена уште во 1969 година од американскиот архитект Крег Хоџитс кој го нуди проектот за изградба на превозно средство по името Landliner. Тоа би требало да ги врши истите функции и да биде изградено во Њујорк. Според кинеските новинари, доказ за тоа дека идејата е украдена, е фактот дека главниот дизајнер Сјун Јучжу дури нема високо образование.
Сериозни проблеми беа откриени и при финансирањето на проектот.
Пронаоѓачите на ТЕВ-1 ја користеле шемата за тн. „рамноправно финансирање“, при што парите се обезбедуваат не од банка, туку од друга финансиска институција. Во моментов властите во Кина се борат токму против таквите шеми, кои се многу погодни за перење на пари. Ако тоа биде докажано, компанијата што го разви автобусот, брзо ќе банкротира.
Креаторите на ТЕВ сепак ги отфрлуваат сите обвинувања на своја адреса.
Главниот дизајнер Сон Јучжу е категоричен дека нема ништо незаконско во проектот, а последните испитувања докажале дека автобусот може да работи во реални услови.
Тој негираше и да има неправилности во финансирањето на проектот, велејќи дека локалните власти дале пари. Последното сепак беше негирано од страна на претставник на градот Цинхуандао каде се одржаа испитувања на возилото.Според информациите, првиот проблем на ТЕВ-1 се неговите димензии, бидејќи во земјата максималната дозволена висина за возила е 4,2 метри, додека к