Дали командирот на полициската станица Центар ќе сноси било каква одговорност по денешното однесување на Мирјана Најчевска која истури боја пред полициската станица „Беко“ без притоа да биде спречена од полициските припадници што го обезбедуваа објектот, прашува порталот Нетпрес.Инаку, Најчевска која фигурира на списоците на лицата вклучени во платеничката револуција на СДСМ, денес заедно со останатите платеници на Сорос, учесници во платеничката револуција дојде пред полициската станица БЕКО, истури боја и одби да отиде на информативен разговор на кој требаше да се соочи со доказите за нејзиното хулиганско однесување за време на протестите на СДСМ и СОРОС.
Прашањето за одговорноста на командирот на полициската станица се отвора само по себе, откако јавноста имаше можност да види како истиот дозволи лица повикани на службен разговор да демонстрираат невидена дрскост и да вандализираат полициска станица пред негови очи, пишува порталот.
Ова само по себе го повлекува прашањето: Каква порака испраќа првиот човек на оваа полициска станица со неиздавањето наредба на полициските службеници да спречат вакво вандализирање и да дозволат хулигани што истураат боја врз полициска зграда да си заминат неказнето?
Инаку, извршната директорка на Хелсиншкиот комитет, Уранија Пировска и професорката Мирјана Најчевска се казнети со по 50 евра или општокорисна работа поради прекршок сторен за време на протестите. Претходно, со казна од 50 евра беше казнет и унивезритетскиот професор Гордон Калајџиев.
Пировска по распитот во полиција изјави дека го признава делото, но дека не го потпишала платниот налог, бидејќи според неа учеството и фрлањето боја на протестите е легитимно право на граѓаните за изразување револт.Инаку, Најчевска која фигурира на списоците на лицата вклучени во платеничката револуција на СДСМ, денес заедно со останатите платеници на Сорос, у