Дали конечно е откриена тајната на вечниот живот?

Решението за постигнување на вечен живот, можеби се крие во процедурата за продолжување на хромозомите. Оваа процедура би им дозволила на научниците да ги продолжат теломерите, заштитните делови на крајот на хромозомот кои се скратуваат со текот на годините, пренесува Independent.Теломерите ги штитат хромозомите од оштетување додека клетките се шират и растат. Меѓутоа, тие со време се смалуваат и ја губат својата заштитна улога. Кога ќе дојде до тоа, се смета дека започнува процесот на стареење.
Нова процедура им овозможува на научниците да ги продолжат теломерите и на тој начин да го забават биолошкиот часовник, што би требало луѓето да ги направи помлади. Испитаните клетки се покажале како помлади и побрзи.
„Овој пристап е нов начин за превенција на разни болести кои ги носи стареењето. Постојат и парализирачки генетски болести кои се поврзани со скратувањето на теломерите, а кои би можеле да се спречат со овој потенцијален третман“, изјави еден од истражувачите.
Процесот го откри Хелен Блау од Универзитетот Стенфорд, која сите податоци за своето откритие ги објавила во својот научен труд, заедно со Џон Рамунас и Едуардо Јакубов.
„Откривме начин како да ги продолжиме човечките теломери за дури 1.000 нуклеотиди, што ќе овозможи враќање на биолошкиот час наназад и би го продолжил животниот век“, изјавила Хелен.Теломерите ги штитат хромозомите од оштетување додека клетките се шират и растат. Меѓутоа, тие со време се смалуваат и ја губат својата заштитна ул

Пронајдете не на следниве мрежи: