Дали Македонците имаат храброст да се соблечат на нудистичка плажа?

Дали Македонците како нација која знае да има одредени предрасуди и е сеуште нецелосно опуштена нација како онаа на Запад и Америка, имаат храброст да се соблечат на нудистичка плажа и да уживаат во преубавото сончево време и да го слушаат шумот на брановите потполно голи?
На ова прашање има различни одговори и мислења. На пример, поголемиот дел од луѓето во Македонија, посебно помладите генерации ќе кажат дека немаат никаков срам или страв да се соблечат на нудистичка плажа. Но, кога ќе дојде момент тоа да се направи, дали тие навистина тоа го прават или наоѓаат најразлични изговори само за во моментот да не го направат тој чекор.
Факт е дека во Македонија, пред се нема некои поголеми нудистички плажи, каде што ќе се знае дека се такви и секој индивидуалец доколку има желба ќе ја посети ваквата плажа. Но, дури и да има нудистички плажи, тие ќе бидат посетувани повеќе од туристи отколку од домашни гости. Изговорот за ова би бил „подобро да одам некаде во странство на нудистичка плажа, каде што никој не ме знае и да можам да се опуштам, отколку тука кај нас, каде што во секој момент може да ме види некој непознат“.
Ова е навистина точно, знаејќи го фактот дека Македонија е мала земја, каде што секој со секого се знае на некој начин и за многумина е навистина непријатно да се сретнат во такво издание.
Сепак, сеуште постојат опуштени умови и личности кои воопшто не им е грижа дали некој познат ќе ги види во такво издание или не. Тие само сакаат да уживаат и да си поминат прекрасно на сончевото време, па макар тоа било и потполно голи како од мајка родени.
Дали и вие сте од овој тип на луѓе или сепак сакате тоа да го направите на нудистичка плажа каде што со сигурност ќе знаете дека никој не ве познава?
Copyright 2013 puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24. Дали Македонците како нација која знае да има одредени предрасуди и е сеуште нецелосно опуштена нација како онаа на За

Пронајдете не на следниве мрежи: