Според последните истражувања кои се направени за тоа која нација е најемотивна, а која е најмалку емотивна, се покажа дека Балканците се луѓе со најнизок процент на емотивност, односно тие не се емотивци. Според резултатите на последното истражување на Галуп во врска со степенот на емотивноста на народите во светот, балканските народи се нашле во група на земји каде живеат најмал број на емоционални и чувствителни лица, пишува весникот „Форбс“, а пренесе агенцијата Анадолија.
На почетокот на студијата се потсетува дека емотивноста е значаен сегмент од животот на луѓето, бидејќи го одредува односот на луѓето за донесување важни одлуки во животот.
Имено, од земјите на балканскиот регион, студијата на Галуп покажа дека Албанците се најемоционална нација каде 46 отсто од луѓето тврдат дека по природа се емотивни. Истиот процент е забележан и во Црна Гора.
По нив следи Босна и Херцеговина каде 44 отсто испитаници се доживуваат како емотивни лица. Истиот процент е забележан и во Македонија и во Србија.
Со ова се покажа дека Македонците се вушност нација со низок степен на емотивност.
Според истражувањето на Галуп, Балканот се наоѓа во група на земји од светот со низок процент на емотивци, додека во сите земји на Балканот над половина жители рекле дека не реагираат емоционално во одредени општествени интеракции и состојби кои ги задесуваат.
Од земјите од поширокиот регион на Балканот, во Бугарија се наоѓаат 41 отсто емоционални луѓе, во Турција 45, Унгарија 46 и Словенија 48 отсто.
Резултатите наведени во студијата се собрани врз основљ на прашања дали жителите на земјите во светот, претходните денови доживеале десет одредени емоции, од кои пет негативни и пет позитивни.
Резултатите од студијата покажуваат процент на луѓе во секоја земја, кои ги доживеале сите десет емоции претходните денови.
Од Европа најемотивни луѓе се Шпанците, потоа следи Кипар, Франција па Малта, додека најмалку емоционални луѓе се во Грузија, Латвија, Русија и Украина.Според резултатите на последното истражување на Галуп во врска со степенот на емотивноста на народите во светот, балканските народи се нашле в