Дали медиумите на СДСМ се обидуваат да создадат паника или да саботираат полициска акција?

Создавање на паника меѓу граѓаните или обид на медиумите контролирани од најголемата опозициска партија СДСМ да саботираат полициска акција- како поинаку да се објасни фактот дека Телма ги опишуваше местата каде што наводно имало блокади?Дел од опозициските медиуми вечерва оркестрирано излегоа со информации за голема полициска акција во кумановско и скопско Арачиново, кревајќи паника кај граѓаните за можно повторување на случувањата од Диво Насеље од мај минатата година.
Опозициските портали ја злоупотребија ситуацијата за создавање на чувство на немир и паника меѓу населението, објавуваjќи небулози дека се работело за напад од Косовски терористички групи кои тука биле дојдени за да извршат терористички напади со цел ослободување на командант Соколи.
Покрај редовните манипулации на соросовите портали, во целата ситуација дополнително скандалозни беа информациите објавени од телевизија Телма, која повикувајќи се на свои извори, практично вршеше пренос каде се позициите на полицијата и каде имало блокади, односно опозициската телевизија објави дека “покрај блокадата пред влезот во Арачиново, пунктови со полициски специјалци има и кај селото Ропаљце како и на местото викано Слупчански бунар“.

Дополнително, Телма тврдеше и дека вчера во реонот на Ваксинце се пронајдени мигранти кои неколку дена биле држени од непозната вооружена група. Сепак, полицијата доцна вечерва ги демантираше информациите дека акцијата била поради уфрлена косовска вооружена група на македонска територија и неофицијално информираше дека на теренот се вршело проверка на повеќе локации во селата во граничниот појас и во неколку други села од липковскиот регион, а во контекст на кризната состојба поради мигрантската криза.
Ваквите сценарија на опозициските медиуми се веќе добро видени и прочитани од граѓаните, кои во текот на терористичката акција во Диво Насеље минатата година беа сведоци на манипулации од страна на медиуми контролирани од фондацијата СОРОС и СДСМ.
Тогаш со цел предизвикување на опшшта паника и ескалирање на состојбите, соросовите портали брутално лажеа дека полицијата убила цивили, односно мајка и дете. Денес, истите манипулираа со полициска акција која имала за цел превентивно делување.
Дел од опозициските медиуми вечерва оркестрирано излегоа со информации за голема полициска акција во кумановско и скопско Арачиново, кревајќи паник

Пронајдете не на следниве мрежи: