Дали менструацијата ви е нормална, или се обидува да ве убие?

Менструацијата сама по себе не е сериозна- всушност, тоа е најприродна работа на светот за една потполно зрела жена. Но, многу жени не знаат како всушност треба да изгледа нормалниот циклус и што можат да бидат знаците дека нешто не е во ред.Преобилно крварење
Нормално е во текот на циклусот да изгубиме неколку лажици до една шолја крв. Се повеќе од тоа може да биде сериозно и  е прв знак дека нешто не е во ред.
„Жените често зборуваат дека имаат преобилно крварење и дека губат литри крв, но всушност се губи многу помалку. Но, доколку одеднаш дојде до зголемен интензитет на крварење, треба да се обратите на доктор бидејќи може да биде знак  за разни проблеми“, истакнуваат гинеколозите.
Овде може да станува збор за банални работи, како што е настинка, па се до значајно посерозни проблеми со хормоните.
Продолжен циклус
Доколку крварењето трае подолго од седум дена, и тоа без слабеење, задолжително обратете се на доктор бидејќи веројатно се работи за некој хормонски проблем. Се случува девојките да се срамат, па не одат на доктор кога циклусот ќе им се продолжи, а потоа со текот на времето се привикнуваат на тоа и го прифаќаат како нормално. За жал, ова со текот на времето може да доведе до многу поголеми проблеми.
Преголеми болки
Болки во стомакот, грбот, половината и –едноставно по целото тело- се сосема нормална појава за време на „оние денови“. Но, доколку одеднаш почувствувате остра, парализирачка болка во пределот на јајниците, можно е да се работи за циста. Најчесто се работи за водени цисти кои не се сериозни, но сепак треба да се држат под контрола.
Доколку интензивната болка трае подолго, посетете доктор и не се обидувајте да замаскирате со лекови.

 

Доцнење
Доколку ви доцни неколку дена, не мора нужно да значи дека се работи за бременост- тоа е добра вест. Но,  може да се работи за хормонско пореметување или нешто уште полошо- ова е прилично лоша вест. Нередовниот циклус е секако нешто на што  треба да се обрати внимание и да се пронајде причината. Понекогаш едноставно се работи за стрес, понекогаш  се работи за неправилна исхрана а понекогаш ова може да биде знак на синдром на полицистични јајници.
Крварење кога не му е време
Доколку ви се случило да видите неколку капки крв на гаќичките помеѓу циклусите, веројатно не  е ништо сериозно. Но доколку ова се повтори повеќе пати или доколку количината на крвта е поголема, задолжително јавете се на доктор. Редовната менструација е многу важна, па затоа треба да знаете кога крварењето е пожелно а кога не. Причините за вонвременското крварење се разни, но најчесто се работи за хормони.Преобилно крварење
Нормално е во текот на циклусот да изгубиме неколку лажици до една шолја крв. Се повеќе од тоа може да

Пронајдете не на следниве мрежи: