Смарт технологијата е омилениот изум на дваесетиот век, според мислењето на многу љубители на хај-тек уредите. Доколку напишете „смарт“ во вашиот Google пребарувач, првиот резултат кој ќе ви се покаже е врзан за вештачка, а не за човечка интелигенција.Нема сомневање, почнавме да живееме во научно-фантастичен филм на кој до неодамна гледавме прилично скептично. Изгледа дека живееме во свет кој се развива со толкава брзина, што наскоро ќе мора да се прашаме – дали се осмелуваме да се надмудруваме со своите паметни уреди? Во ред, ајде да видиме.
Чистењето со правосмукалка, омилената домашна обврска на многумина. Едноставно едвај чекате викенд за да почнете да чистите и бришете… нели? Замислете како ја чистите куќата со отворени очи, силно трудејќи се да не пропуштите ниту еден милиметар од просторијата, наведнувајќи се и обидувајќи се да стигнете до секое ќоше и секој агол. Секоја чест на трудот, но едно прашање – дали можете да направиме оптимална патека на чистење педесет пати во секунда, само за да се уверите дека ниту една трошка не ви избегала? Хмм, така и мислевме…
Добредојдовте во светот на LGHomBot роботот правосмукалка. Долгите четкички сместени од страната ќе го исчистат секој агол, ќоше и останатите површини многу поефективно од својот претходник, заоблениот модел. Тој нуди седум SmartCleaning режими, од Zig-Zag за поголеми површини, со поголем број пречки, доSmartTurbo режимот на работа, кој автоматски го префрла смукањето на побрз режим, кога правосмукалката го детектира тепихот или подната облога.
повеќе на: GSM.mkНема сомневање, почнавме да живееме во научно-фантастичен филм на кој до неодамна гледавме прилично скептично. Изгледа дека живееме во свет кој се