Дали многу ви опаѓа косата?

Loading...

Многу од жените сметаат дека многу им паѓа косата. Просечно, едно лице губи помеѓу 60 и 100 влакна дневно, вели Анабел Кингсли, експерт за скалп. Ако имате подолга коса, се чини дека премногу влакна ви отпаднале и обратно.
Меѓутоа, постојат одредени фактори кои можат да доведат до опаѓање на косата. Со оглед на тоа што косата е дел од нас кој нема витално значење, таа е чувствителна и подложна да реагира на било каков вид на стрес што може да погоди нашето тело.
Краткотрајните проблеми како што се стомачните тегоби, висока температура, особено стресен месец на работа или мачна диета, често можат да предизвикаат зголемено опаѓање на косата, па дури и шест до десет седмици откако проблемот исчезнал.
Некои жени забележале дека косата најмногу им отпаѓа подоцна во текот на летото, а помалку во зима. Доколку не ја миете косата пречесто, туку еднаш или двапати седмично, ќе забележите дека малку повеќе коса ви отпаднала. Понекогаш едноставно станува збор за генетика: ако вие губите околу 100 влакна дневно, вашата најдобра пријателка можеби губи само 60.

 
Хемиските процеси како што се фарбање на косата, избелување и “пеглање” на косата, не влијаат врз природниот раст на косата, но ја оштетуваат протеинската структура во влакното до некоја мера, истакнува Кингсли. Ова доведува до слабеење на коренот од влакното и може да доведе до оштетување кое изгледа како губиток на косата.
-Ако отпаѓање на косата продолжи повеќе од три месеци, побарајте совет од дерматолог – советува Кингсли.
Хроничното губење на косата може да биде сигнал дека нешто не е во ред одвнатре. Најчестите причини за долготраен губиток на косата се: недостиг на железо, витамин Д, витамин Б12, како и компликација околу хипертироида.

 

Меѓутоа, постојат одредени фактори кои можат да доведат до опаѓање на косата. Со оглед на тоа што косата е дел од нас кој

loading...