Дали момчињата навистина се недостижни, или пак девојките недоволно упорни ?

Веќе подолго време ви се допаѓа некое момче, чекате тој да го направи првиот чекор и да ви пријде, но ништо не презема околу тоа. Се прашувате во што е проблемот, дали е зафатен, или пак можеби вие нему не му се допаѓате? Која ли е причината за неговата одмереност и резервираност?  
Знаеме дека момците се тие што треба да „ловат“ и да се трудат да ве освојат, но девојки, да не се лажеме, дојдоа нови времиња, во кои вредностите се испреплетени, а улогите сменети. Сега вие сте на потег!

Ако гледате дека е незаинтересиран за вас, наметнете се, и тоа многу инкогнито. Искористете ја вашата снаодливост, (а девојка сте, тоа ви е во крвта) и истражувајте малку околу него, за тоа во кои кругови се движи, што работи, какви обврски има во текот на денот, кои кафулиња ги преферира и сл. Најдете го на фб, дознајте кои ви се заеднички пријатели и обновете ги контактите со истите. Поканете ги на пијачка и низ муабет, споменете го, а потоа најдете начин да ги вкрстите патиштата. Откако ќе присоберете информации во врска со него, движете се на местата каде што се движи и тој, бидете му во близина. Нека ја почувствува вашата енергија. И секако, појавете се во вашето најдобро издание. Внимавајте како се однесувате во негово присуство. Погледнете го неколку пати по ред, и задржете го погледот кон него неколку секунди, онолку колку што е потребно за и тој да ве забележи вам, а во тој миг, погледнете на сосема друга страна. За некоја минута направете го истово, само овој пат насмевнете му се, онака како што вие најдобро умеете.. Ќе се зачудите од резултатите. Сега кога веќе ве забележа, имате неколку отворени опции. Една да му пуштите пијачка, но ако тоа е пренападно за ваш вкус, пробајте ја оваа тактика, бидете активни на фб, постирајте слики од вас, но не пречесто, пратете му поздрав по некоја ваша заедничка пријателка…а, останатото препуштете и го на вашата инвентивнот и имагинација.

Нема неосвоиво момче, има само недоволно упорна девојка. Бидете постојано околу него, нека ве има на видик, за кратко време тој ќе биде оној кој сигурно ќе ве покани на состанок, а нема ни да забележи дека таа негова одлука е поттикната токму од вас, и дека вие сте се потрудиле да осмислите цела стратегија околу тоа.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Веќе подолго време ви се допаѓа некое момче, чекате тој да го направи првиот чекор и да ви пријде, но ништо не презема

Пронајдете не на следниве мрежи: