На избирањето партнер кој е прифатлив за нас, влијаат многу општествени и културолошки фактори.Една од работите кои спаѓаат во општествените правила е старосната разлика на партнерите во љубовната врска. Иако овие општествени фактори стануваат се помалку важни, научниците тврдат дека сепак постојат одредени причини да преферирате партнери кои се поблиску до вас со годините.
Врската со личност која е неколку години постара од нас може да трае без никакви проблеми, но експертите предупредуваат дека тоа зависи и од периодот на животот во кој се наоѓаме. На пример, ако и двете личности се во дваесеттите години од животот, тоа не претставува голем проблем, но ако една особа е во дваесеттите а друга во триесеттите, можат да се појават одредени разлики во животните цели и приоритети.
„Како што старееме, доживуваме одредени пресврти во животот и нашите приоритети се менуваат“, вели браќниот и семеен терапевт Дејвид Клоу.
Позрелата возраст често е поврзана со одредени очекувања, како купување на стан, основање семејство и успех во кариерата.
„Поверојатно е дека ќе имате слични животни искуства и заеднички културни референци ако немате големи разлики во годините“, вели клиничкиот психолог Рамани Дурвасула.
Затоа, партнерот во дваесеттите години од животот можеби е во период во кој сака да се сконцентрира на кариерата, додека малку постариот партнер сака деца и семејство, што резултира со некомпатибилност на парот.
Меѓутоа, не се осудени на пропаст сите врски со голема разлика во годините. Експертите ги советуваат паровите со голема разлика во годините да разговараат за своите очекувања и вредностите што ги ценат, за да видат дали можат да функционираат.
Уште еден совет на експертите е партнерите да се компатибилни во социјалните и фамилијарните кругови. Големи разлики во возраста можат да функционираат, но клучна е отвореноста на двајцата партнери и спремноста на компромиси.Една од работите кои спаѓаат во општествените правила е старосната разлика на партнерите во љубовната врска. Иако овие општествени фактори стануваа