Дали научниците конечно успеале да ја откријат тајната на човечката интелигенција?

Генетски модифицираните глувчешки ембриони кои добиле човечка верзија на HARE5 генот, развиле дури 12% поголеми мозоци од глувците кои добиле HARE5 ген од шимпанзите, покажа истражувањето спроведено на Медицинскиот факултет од страна Универзитетот Дјук.Цел на истражувањето беше да се пронајдат кои минорни разлики помеѓу ДНК на луѓето и шимпанзите, предизвикуваат толкава драматична разлика во големината на мозоците и интелигенцијата.
„Мислам дека сѐ уште сме на површината што се однесува на сознанието кое можеме да го добиеме од овој вид на истражување“, изјави авторката на истражувањето Дебра Силвер.
Човечката секвенца HARE5 се разликува од онаа кај шимпанзите за само 16 букви во генетскиот код. Но, таа секвенца се активирала порано при ембрионалниот развој на глувците и била многу поактивна отколку кај шимпанзите.
До крајот на ембрионалниот развој, разликите во мозоците на двата вида глувци биле видливи и со голо око. По сецирањето на мозочното ткиво, се испоставило дека генетската секвенца најмногу влијаела на неокортексот – кој кај луѓето се користи за најсложените активности, како што се говорот и размислувањето.
„Откривме само една генетска причина зошто имаме поголеми мозоци“, изјавил Грегори Вреј, кој е коавтор на истражувањето, додавајќи: „Ова е веројатно само еден дел од сложувалката – помал дел“.Цел на истражувањето беше да се пронајдат кои минорни разлики помеѓу ДНК на луѓето и шимпанзите, предизвикуваат толкава драматична разлика во голем

Пронајдете не на следниве мрежи: