Дали навистина солариумот може да предизвика рак на кожа?

Солариумите се вистински хит во светот, а и кај нас. Голем број жени во текот на годината посетуваат козметички салони и оодат на солариум се со цел да добијат чоколаден тен и да изгледаат заводливо и секси. Но, колку солариумите ги исполниваат стандардите и се штетни врз здравјето на човекот?Безбедносните тестови кои се направени врз солариумите покажуваат дека седум од десет солариуми во светот не ги исполнуваат основните стандарди и нивното УВ е трипати поголемо од нормалното. 
Тоа покажува дека корисиниците кои ги коористат солариумите се на голем ризик за добивање на рак на кожа. 
Законската граница на зрачењето во солариумите е 0,3 вати на метар квадратен, што одговара на јачината на сончевите зраци во летно попладне во Шпанија.
Седум од 10 солариуми кои ги тестирале инспектори во Велика Британија покажале опасно високо ниво на УВ зрачење, што предизвикало построги прописи во индустријата.
Од 448 солариуми тестирани во изминатите две години, дури 310 не ги исполниле безбедносните стандарди.
Истражувањето на Универзитетот Данди покажа дека некои солариуми емитуваат УВ зрачење шестпати посилно од летното сонце во Шпанија, а минатата година експертите од Меѓународниот институт за превентивни истражувања и Европскиот институт за онкологија утврдиле дека ракот на кожа (меланом) може директно да се поврзе со користењето на солариуми, кои се одговорни за речиси 900 смртни случаи во Европа годишно.Безбедносните тестови кои се направени врз солариумите покажуваат дека седум од десет солариуми во светот не ги исполнуваат основните стандарди и н

Пронајдете не на следниве мрежи: