Дали некогаш сте се запрашале какво значење има првиот бакнеж на младенците?

Дали некогаш сте се запрашале како настанал обичајот? Првиот бакнеж претставува круна на самото венчавање и знак дека може да се започне со веселбата, бидејќи бракот веќе е официјален.
Во христијанството првиот бакнеж не претставува симбол на љубовта, посебно ако се земе предвид дека порано браковите се склопувале поради интересите на семејствата.
Бакнежот е знак дека бракот е официјализиран и дека душите на младоженците засекогаш се споени. Меѓу другото, бакнежот во уста симболизира и спој меѓу чистото, духовното и телесното.
Во светот постои верување дека злите сили го демнат првиот бакнеж со намера да го уништат бракот на младоженците и можат да бидат избркани само со првото чукање на чашите кога младоженците наздравуваат на самата церемонија.
Уште во стар Рим постоела традиција на завршување и официјализирање на „договорот“ меѓу младите, но и за бркање на злото. Постојат записи дека овој обичај датира и од древните цивилизации.
Доказ за тоа колку е поважен првиот бакнеж од првата брачна ноќ е и приказната која настанала во Италија.
По еден стар закон ако некој од младоженците умре пред првиот бакнеж, бракот бил неважечки и родителите на живиот морале да ги вратат сите подароци.
За разлика од традиционалното значење, денес бакнежот не претставува некаков официјален симбол.
Него го практикуваат сите без разлика дали се религиозни или не, бидејќи тој претставува еден радосен начин на прославување на новата страна во животот која ја свртеле младоженците заедно.Првиот бакнеж претставува круна на самото венчавање и знак дека може да се започне со веселбата, бидејќи бракот веќе е официјален.
Во христ

Пронајдете не на следниве мрежи: