Тоа не го прават за да проверат дали се од злато,сребро или бронза, но скоро секој спортист откако ќе освои медал, „го испробал вкусот“.Затоа претседателот на меѓународното здружение на олимписки историчари решил да открие што се крие зад ова.
Верувале или не, овде не се работи ниту за медали, ниту за спортисти, туку- за фотографии.
„На службените фотографи им стана некој вид опсесија. Претпоставувам дека тоа го доживуваат како некој вид култна фотографија, можеби како нешто што можат полесно да го продадат. Повеќето спортисти тоа не го прават самоиницијативно“, објаснува Дејвид Велечински.
Валечински забележал дека овој тренд расте од година во година, но изгледа дека оваа година го достига врвот.
Во историјата оваа пракса се поврзува со проверка на автентичноста на монетата, но злато во монети и медали баш и нема во толкава количина. Количината на злато во златниот медал варира од Олимписките игри, па така овогодинешните медали имаат 1.34 проценти злато, односно 6 грама, со 93 проценти сребро и 6 проценти бакар.
Во 1904 година,1908 и 1912 златните медали кои биле доделувани на Олимписките игри биле од чисто злато, но биле и помали од досегашните.Затоа претседателот на меѓународното здружение на олимписки историчари решил да открие што се крие зад ова.
Верувале или не, ов