Претседателот на општинската организација на СДСМ Штип Владимир Милошев на почетокот на овој месец беше именуван за државен секретар во Министерство за здравство од стана на министерот Арбен Таравари.Милошев кој по професија е специјалист по максилофацијална фирургија беше вработен во клиничката болница во Штип.
Според законот за административни службеници државниот секретар во ресорното министерство го назначува министерот од редот на вработените во самото министерство, пишува Телеграф.мк.
Членот 23 став 6 вели: Секретарот од ставот (1) алинеја 1 на овој член од редот на административните службеници од категоријата Б, односно од редот на раководните вработени го назначува министерот и истиот треба да ги исполнува посебните услови за работното место за нивото Б4 на раководни административни службеници.
Според информациите кои располага Телеграф, Владимир Милошев во Агенцијата за вработување до 02.07.2017 се води како вработен во Клиничка болница Штип, а веќе наредниот дена 03.07.2017 година е пријавен како вработен “Државен секратар во Министерството за здравство”.
Јасно се гледа дека членот 23 став 6 е прекршен со тоа што претседателот на ОО СДСМ Штип, Милошев не е вработен во министерството за здравство на денот на назначување, туку во Клиничка болница Штип.
Според законот за административни службеници членот 101 став 2 Глоба за раководното лице на институцијата за прекршување на овој законот изнесува 7500 до 15 000 евра.
Членот 101 став 2 алинеа 1 од ЗДС гласи: Глоба во износ од 7.500 до 15.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на раководното лице на институцијата, ако:– не назначи секретар од редот на раководните административни службеници, спротивно на членот 23 ставови (6), (7) и (8) од овој закон во рок од два месеца од денот на неговото именување на функција.
Останува да се види дали надлежните институции ќе реагираат на ваквото кршење на законот?Милошев кој по професија е специјалист по максилофацијална фирургија беше вработен во клиничката болница во Штип.
Според законот за админис