Членовите на „Сојузот на борци на Македонија” се приклучија на денешните протести и маршираа во првите редови.Тие пристигнаа на денешните протести за да изразат поддршка на граѓанското движење „Протестирам“.
Членовите на Сојузот во неколку наврати досега имаат испратено реакции до јавноста, во кои потенцираа дека Македонија се соочува со криза која треба што е можно побрзо да се реши.
Со сета почит од редакцијата на Пулс24 за нивниот допринос во Втората светска војна, не можеме, а да не се запрашаме дали истите тие луѓе се свесни дека овој пат ја водат „битката“ за Македонија на противничката страна?
Сите реакции до јавноста губат на тежина кога им даваат поддршка на активисти, платеници и предавници на државата кои веќе две години на секој начин се обидуваат да го срушат Уставниот поредок во земјава и да инсталираат марионета со која полесно ќе се остварат плановите на Америка за Македонија.
Веќе не е тајна дека Канвас и Сорос оперираат на подрачјето на Македонија и „обоената револуција“ стана реалност и кај нас.
Се наметнуваат идеологии и догми според кои се ветуваат слобода, демократија и моќ на народот.
Така се ветуваше и во земјите, во кои истата таа „шарена пролет“ со крв ги ишара улиците, остави држави во беда и сиромаштија, лесни за контрола и неможност повторно да се вратат на светската сцена како некогашни земји на мир и просперитет.
Лесно е да се продефилира на улици и да се рече дека ова е борба за Македонија, но борците од сојузот треба сериозно да се запрашаат за што се борат и дали се свесни дека нивната некогашна борба за слобода на земјата засекогаш ќе биде избришана доколку ова лудило победи и нѐ остави сите нас без најсветото нешто за што нашите предци отсекогаш со крв и пот се мачеле да го задржат – МАКЕДОНИЈА!
Затоа, да се запрашаме: За кои борци всушност станува збор овде?
Тие пристигнаа на денешните протести за да изразат поддршка на граѓанското движење „Протестирам“.
Членовите на Сојузот во некол