Кои се вандалите кои подмолно во текот на ноќта го нападнаа Основниот суд Скопје 1 и дали техничкиот министер во МВР Оливер Спасовски ќе ја блокира истрагата и ќе ги заштити напаѓачите на Судот?Ова е прашањето кое се поставува во јавноста откако засега МВР е без никакви детали околу идентитетот и мотивите на хулиганите кои ноќта неделата кон понеделникот го нападнаа Судот. Вандалите од платеничката револуција на СДСМ/Сорос го вандализираа Основниот суд Скопје 1 каде што на Заев треба да му се суди за случајот „Пуч“, а истите тие треба да одговараат за милионските штети кои ги направија со нивното дивеење.
Претседателот на Основен суд Скопје 1 – Скопје, Владимир Панчевски во врска со шарањето со бои и оштетување на зградата на Кривичниот суд вчера изјави дека нападите не ги чуствуваат како притисок, туку уште повеќе се зајакнува волјата единствено за спроведување на Законот и почитување на човековите права и слободи кои ги гарантираат законите и Уставот на Република Македонија.
Фасадата на Судот оштетена на подмолен и кукавички начин
– На најсрамен начин во текот на ноќта, тајно и подмолно, што доликува само на кукавици, е оштетена фасадата и влезната врата на Основниот суд Скопје 1 – Скопје што може да се види и од безбедносните камери на Судот, за што се известени надлежните органи, вели Панчевски.
Додава дека како суд секогаш го почитувале уставното право на сите граѓани, своето незадоволство да го изразат преку мирен протест, пријавен кај надлежните органи, како и да ја известат институцијата во врска со која протестираат за причините за протестот.
Но, за секој што отстапува од ова правило, како што истакнува Панчевски, постојат надлежни институции кои согласно законот треба соодветно да постапуваат доколку го утврдат сторителот.
– Судот и јас лично како претседател, исправени пред словото на Законот, сите напади, без оглед дали се вербални или на ваков срамен начин, не ги чуствуваме како притисок туку уште повеќе се зајакнува вољата единствено за спроведување на Законот и почитување на човековите права и слободи кои ги гарантираат Законите и Уставот на Република Македонија, нагласува првиот човек на Кривичниот суд.
Панчевски ги повикува сторителите на ваквиот чин самите да се пријават кај надлежните органи, а во случај на судска постапка, како што додава, правично ќе им биде судено.
СДСМ со долг историјат на напади врз судските институции
СДСМ многу апти досега низ годините со притисоци и протести пред судовите отворено се стави во одбрана на вандалите, насилниците и криминалот, протестирајќи со пратеници, што претставува чист притисок на законодавната, партиска власт врз судската.
Јавноста ги памети и насилните протести пред суд за на екслидерот, и поранешен министер, Владо Бучковски да не му биде одреден притвор за случајот со тенковските делови, собирање потписи за слобода и организирање на митинг за правда за фармерот Душко Илиевски од Битола во чиј двор беше пронајден канабис.
Сличен беше притисокот на социјалдемократите и при апсењето на струмичкиот градоначалник Зоран Заев. Откако беше приведен, СДСМ го напушти Собранието, пратеничката група на СДСМ се упати пред Основниот Суд Скопје 1, на протести.
Колоната пред судот ја предводеше тогашната лидерка на партијата Радмила Шекеринска. Таа ја обвини власта за политичка диктатура и убиство на демократијата. Сепак, партиското раководство на СДСМ беше тоа кое примени комунистичка диктатура и се обиде на сила да влезе во судот. Челниците на партијата влегоа во судир со полицијата, но ситуацијата брзо беше ставена под контрола.
Кога опозицијата е во прашање, јавноста ги памети и заканите и поддршката при каменувањето врз Судот кога група албански радикали кои доаѓаа од Косово и протестираа за случајот „Монструм“ жестоко удрија кон скопскиот Кривичен суд каде фасадата беше комплетно уништена, искршени беа надворешните стакла, оштетени беа судниците и канцелариите, а повредени беа и неколкумина полицајци.Ова е прашањето кое се поставува во јавноста откако засега МВР е без никакви детали околу идентитетот и мотивите на хулиганите кои ноќта неделата к