Дали овој индиски гуру е мртов или само медитира? Судбината на 170 милиони долари зависи од одговорот

Шри Ашутош Махараџ е богат верски водач од градот Џаландахара во индиската сојузна држава Пенџаб. Тој е починат, или можеби влегол во состојба на длабока медитација. Што е вистината помеѓу овие две изјави, е одлука на судот од чиј исход ќе зависи кому ќе му припаднат 170 милиони долари.Семејството на гуруто, жената и синот, сметаат дека на 29 јануари оваа година овој човек починал од инфаркт, додека припадниците на неговата „социјално-спиритуална и културна непрофитна организација“ Дивја Џоти Џагарати Санштан, тврдат дека тој е во состојба на длабока медитација, позната како самади.
– Тој помина многу години медитирајќи на температури под нулата на Хималаите, така што во тоа нема ништо чудно. Тој ќе се врати во живот штом ќе почуствува дека е дојден вистинскиот момент за тоа, а ние ќе обезбедиме неговото тело да му биде зачувано, тврдат неговите следбеници кои го чуваат неговото тело.
Полицијата на Пенџаб потврди дека Махараџ починал, но Врховниот суд на оваа република пресуди дека станува збор за спиритуална работа и дека не сака да се меша. На семејството му останува како опција само апелациониот суд, а до неговата одлука, гуруто ќе остане таму каде што се наоѓа во моментов – во замрзнувач.Семејството на гуруто, жената и синот, сметаат дека на 29 јануари оваа година овој човек починал од инфаркт, додека припадниците на неговата &bdquo

Пронајдете не на следниве мрежи: