Дали овој „роден баксуз“ е можеби најсреќниот човек на светот?

Loading...

Секој кој некогаш купил лото ливче, или било каква друга „грепка“, може да сонува дека ќе има толку среќа колку австралискиот возач на камион Бил Морган (37). Оваа среќа му се случила неочекувано, после доста несреќни случувања.
Тој едвај останал жив после сообраќајката со неговиот камион.
Ударот го преживеал  но како последица му останало срцевото заболување.Од лековите за срце кои му ги препишал докторот се здобил со алергиска реакција, и таа била толку силна што успеала да го испровоцира срцевиот напад поради кој 14 минути бил во клиничка смрт.
Лекарите успеале да го оживеат, но потоа 12 дена се наоѓал во кома и за малку ќе го исклучеле од апаратите. Но, овој човек имал среќа. Се разбудил од комата без никакви трајни оштетувања.
Откако се опоравил добил нова, подобро платена работа и ја запросил Лиза Велс, девојката со која веќе подолго време се забавувал.
Една недела подоцна купил „грепка“ во блискиот киоск, Ја изгребал и добил нов автомобил!

Локалната телевизиска станица ја пратила екипата да ја сними симпатичната приказна на Бил за неверојатниот престврт на неговата судбина, а камерманите го замолиле да купи уште една грепка и да ја изгребе пред нив. Тоа што се случило никој не го очекувал. На грепката Морган добил 250.000 долари!
Погледнете го видеото…
Оваа среќа му се случила неочекувано, после доста несреќни случувања.
Тој едвај останал жив после сообраќајката со неговиот камион.

loading...
Loading...