Носењето на автомобилите кои несоодветно се паркираат на улиците во Скопје, придонесува за работата на Пајак службата која секојдневно е на терен и се обидува преки соодветни казни да ја крене свеста на луѓето дека не треба да ги паркираат своите автомобили кај ќе стигнат.
Во Скопје доколку ве фати Пајак служба дека сте паркирани на несоодветно место, прво добивате опомена да го тргнете автомобилот доколку сте во близина, а доколку Пајакоот ви го собере автомобилот и изврши доаѓање, утовар, пренесување до депо на Сектор Пајак и истовар на возилото плаќате 2.500 денари.
Само за споредба, во Белград истиот процес би ве чинело околу 13.245 динари, во Загреб е околу 500 куна, а во Подгорица 30 евра.
Доколку возачот се појави во моментот кога Пајакот го крева автомобилот од несоодветното место за паркирање, може да се плати само 1.500 денари.
Во Белград доколку се појавите во моментот кога Пајакот го крева вашиот автомобил , на лице место може да платите околу 9.000 динари, во Загреб цената е 250 куна, а во Подгорица 15 евра.
Од направената споредба, на цените на Пајак службите во Скопје и регионот, може да се заклучи дека најскапата пајак служба е во Белград додека пак најефтината е во Подгорица.
За сите возачи кои не ги знаат останатите цени за несоодветно пракирање во град Скопје, погледнете го ценовникот на Пајак службата на градот:
1. Подигање на возило од зелена површина* … 3.500 денари
2. Надомест за сместување во Депо на Сектор Пајак по изминати дваесет и четири часа од отстранување, за секој изминат ден … 500 денари
3. Преместување неисправно или оштетено возило, по налог на сообраќајна полиција, друг овластен работник или сопственик на возило, со транспорт до 10 km … 2.000 денари 5.1. доплата за секој изминат километар, над 10 кm … 80 денари
4. Отстранување непрописно паркирано возило по повик на трето лице, со налог на сообраќајна полиција … 2.000 денари
5. Преместување возило по барање на Извршител, до 10 km … 4.000 денари 7.1. за секој изминат километар, над 10 кm … 80 денари
6. Преместување возило на повик на трети лица, за секое возило до десет возила … 1.000 денари8.1. за секое наредно возило (над десетото возило) … 800 денари
7. Преместување на возило до Депо на Сектор Пајак по претходно поставено средство за блокирање на возило … 2.000 денари
8. Поставување механичко средство за блокирање на возило … 1.000 денари
9. Доплатен билет за пречекорување на дозволеното време на паркирање на јавните површини наменети за паркирање на кои се применува зонско паркирање … 1.100 денари
10. Доплатен билет за паркирање на место за лица со посебни потреби … 3.000 денари
Во сите овие цени е вклучен и ДДВ.