четврток, 12 ноември 2026
Најново

Дали Плутон треба да биде планета или не?

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Кога астрономите решија во 2006 година да го одземат статусот планета на Плутон, децата и возрасните направија прилично голем метеж околу таа одлука. Некои деца дури праќаа и писма до планетариумите, жалејќи се на оваа одлука.„Зошто мислите дека Плутон не е повеќе планета? Плутон е мојата омилена планета!“ – напиша едно дете во писмото, испратено до планетариумот „Хајден“.
Денес се чини дека некои астрономи се премислуваат. Во текот на дебатата одржана во Центарот за астрофизика „Харвард – Смитсонијан“, тројца експерти за планетарна наука расправаа за тоа дали Плутон треба да се смета за планета.
„Тоа што е планета е збор, кој со текот на годиниве се промени. Сосема е наивно да се мисли дека можеме да одредуваме што е планета, а што не“ – изјави д-р Герет Вилијамс од Центарот за мали планети на Универзитетот Кембриџ.

Познатиот научник Бил Нај не присуствуваше на конференцијата, но „ долгогодишниот фан на Плутон“ своето мислење на оваа приказна го даде за сајтот „Huffington Post“.
Што е всушност планета? Судејќи по дефиницијата на Интернационалната унија на астрономи, планета е небеско тело, која исполнува 3 критериуми: тркалезно е, се врти околу Сонцето и врши гравитациска доминација на своето опкружување, „чистејќи го соседството од други тела околу својата орбита“. „Зошто мислите дека Плутон не е повеќе планета? Плутон е мојата омилена планета!“ – напиша едно дете во писмото, испратено до пла

Поврзани вести