Започнете го денот со здрав појадок. Денес се почесто може да се слушне оваа реченица и се повеќе луѓето се во двоумица што точно тоа подразбира. Неодамнешните истражувања го дадоа одговорот на ова прашање.Луѓето кои немаат проблем со високите килограми, за доручек обично јадат овошје, млечни производи и житарици, кажуваат истражувањата. Испитаниците укажуваат на тоа дека доручекот е и најважниот оброк од денот. Кога станува збор за ручекот, повеќето се одлучуваат за салата со пилешко месо како главна состојка. Што се однесува до вечерата, нивниот избор е зеленчук, било да е варено или печено. За било која варијанта да се одлучите изборот е секако здрав.
Требате да имате на ум дека овој вид на исхрана не е диета, туку правилно избалансирани оброци кои по својот состав даваат многу хранливи состојки, витамини, минерали и секако, чувство на ситост.
Од неодамна е спроведено онлајн истражување на тема „Здрави навики кај луѓето“. Фокусот беше ставен на луѓе кои тврдат дека здраво и правилно се хранат. Вкупно 147 луѓе одговорија на сите услови кои беа потребни, да би можеле да учествуваат во ова истражување. Тоа подразбираше да бидат здрави, да не се дебели и да им е БМИ 21.7 во просек.
На прашањето што јадат за доручек, повеќето од нив одговорија дека тоа е овошје (51%), млеко и млечни производи (41%) и житарици (33%).
Ова истражување покажа дека луѓето кои немаат проблеми со вишокот на тежина речиси никогаш не го прескокнуваат појадокот. Овој оброк за нив е најважен. Како многу важен дел, испитаниците наведоа и овошје за ужина. Тоа им ја дава потребната енергија и го одржува нивото на шеќер во крвта. Важно е да се напомене дека повеќето од испитаниците се физички активни и се занимаваат со некој вид на рекреација.Луѓето кои немаат проблем со високите килограми, за доручек обично јадат овошје, млечни производи и житарици, кажуваат истражувањата. Испитаниците



