Дали постои тензија помеѓу Германија и Русија?

Германската канцеларка Ангела Меркел моментално учествува на економскиот форум во Санкт Петербург. 
Меркел имала планирано заедничко отворање со Валдимир Путин на спорна изложба на уметнички дела земени од Германија и пренесени во Русија. 
Фактичката причина за посетата на германската канцеларка Ангела Меркел и средбата со рускиот претседател Владимир Путин е нејзиното прво учество на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург, едне вид конкурентен собир на Светскиот економски форуум во швајцарскиот Давос. Во фокусот на интересот меѓутоа целосно ненадејно се најде планираното заедничко отворање на изложба за Бронзената ера во „Ермитаж“, во која се изложени и експонати од т.н. „уметност-воен плен“, односно уметнички дела кои советските војници ги зеле од Германија и ги пренесле во Русија.
Непосредно пред полетувањето на канцеларката, беше откажано нејзиното учество на изложбата, што набљудувачите го оценија како – скандал.
Некои сметаат дека оваа постапка може да ги заостри односите меѓу Германија и Русија. Во Германската делегација протече вест дека Меркел во својот говор на отворањето планирала да побара враќање на одземеното уметничко богатство. 
Владиниот портпарол Штефен Зајберт изјави дека руската страна наспроти првичниот план го откажала поздравниот говор и го исфрлила од програмата. Откажувањето на заедничкото отворање потоа било одлучено од двете страни, тврди Зајберт.
Така, Меркел може да се врати во Берлин порано, но сепак, како и што е планирано, да разговара со Путин околу еден час и потоа со него да одржи прес-конференција.
Дел од изложбата „Бронзено време – Европа без граници“ на светски познатиот музеј „Ермитаж“ е и спектакуларната „запленета уметност“, како Златната ризница од Еберсвалде, што советските војници по Втората светска војна ја донеле во Москва. Германија постојано инсистира на враќање, повикувајќи се на меѓународното право.
Никој точно не знае за колку слики и уметнички дела станува збор, но се проценува дека станува збор за „илјадници дела“.Германската канцеларка Ангела Меркел моментално учествува на економскиот форум во Санкт Петербург. 

Пронајдете не на следниве мрежи: