Дали се појавија валидни метрики за агрегаторот time.mk?!Пред неполни 10 месеци, до тогаш сајтот број 1 во Македонија, ја оспори ранг листата (на Алекса) која што тој ја наметна во Македонија бидејќи беше симнат од врвот на истата. Па следуваа надмудрувања, обични блогерајски и форумџиски докажувања, препукувања, делење на првичната листа на две посебни и на крај нејзино целосно тргање од агрегаторот time.mk.
Тогаш се направи обид за целосно дискредитирање на позицијата на Пулс24, која сеуште успешно ја држи, а во меѓувреме се случуваа(т) уште поголеми промени – некои одат нагоре, други се симнуваат надолу.
Сепак постојат и други метрики, напишал сопственикот на time, пред еден месец на својот твитер профил притоа постирајќи линк до метриките на Гемиус за посетеноста на македонските сајтови.
Од она што се гледа може да се заклучи дека time.mk сепак го прифати поразот од страна на Пулс24, и се надеваме дека овие метрики ги сметаат за валидни и нема повторно да има оспорувања.
Пред неполни 10 месеци, до тогаш сајтот број 1 во Македонија, ја оспори ранг листата (на Алекса) која што тој ја