Писмото што Светиот синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (ОА) го испратил до Бугарската православна црква (БПЦ) во кое бара таа да биде нивна црква-мајка ако ја признаат афтокефалноста на МПЦ-ОА, е обид да се дојде до автокефалност, на поинаков начин отколку што се праваше досега, смета верскиот аналитичар Бранко Ѓорѓевски.Тој е скептик дека бугарските владици ќе решат да ја признаат автокефалноста на МПЦ, бидејќи, како што објаснува, тоа може да отвори проблем со останатите православни цркви, поради договорот да има целосен консензус меѓу нив при признавање на нова црква, но и поради спорот со Српската православна црква (СПЦ).
МПЦ, потсетува Ѓорѓевски, досега преговараше со СПЦ бидејќи ставот на сите православни цркви беше дека ние мора да преговараме со нив за да се реши тој црковен спор во кој СПЦ ни нудеше само автономија во нејзиниот состав, а ние сакавме да имаме полна автокефалност.
Ова што сега се прави, вели Ѓорѓевски, е обид СПЦ веќе да не биде главен партнер во преговорите, туку да се вмешаат и други православни цркви при што конкретно БПЦ би не признала како автокефална. Смета дека македонските владици сакаат да ја искористат и позитивната клима меѓу Македонија и Бугарија што е настаната со потпишувањето на Договорот за добрососедство и во тоа да се вклучи и црковното прашање.
Според него, ако бугарските владици ја признаат македонската автокефалност тоа ќе отвори бранувања меѓу православните цркви заради тоа што тие си постигнаа договор со којшто за признавањето на самостојноста на некоја нова црква треба консензус на сите 14 православни цркви во светот.
– Ако БПЦ ја признае автокефалноста ќе отвори проблем со другите православни цркви. Од друга страна ако БПЦ го направи ова ќе отвори проблем со СПЦ, но и Руската православна црква која најмногу инсистираше на постигнувањето консензус околу признавањето на нови автокефалности. Руската црква водеше битка со Вселенската патријаршија никој своеволно да неможе да признава автокефалност на нови цркви, туку тоа мора сите заедно да го направат. Ако Руската црква не се спротивстави на потегот на Бугарската тогаш ќе отвори можност некоја друга православна црква, конкретно Вселенската патријаршија да ја признае автокефалноста на непризнаената украинска православна црква, вели Ѓорѓевски.
Затоа, додава, јас сум скептик дека бугарските владици ќе решат да ја признаат автокефаноста, но можеби ќе се решат на некој поголем степен на меѓусебните односи, на пример заедничко сослужување на свештениците, како што своевремено имаше еден предлог меѓу српските и македонските преговарачи, после преговорите во Калишта кај Струга, но што потоа беше отфрлено од Српскиот синод.
Владиката Наум и митрополит струмички во интервју за бугарската телевизија БТВ рече дека се отвора нова страница во прашањето за црковниот статус на МПЦ-ОА и оти автокефалноста на МПЦ-ОА не е призната од политички причини.
– БПЦ има шанса со самото признавање на МПЦ-ОА да стане мајка на МПЦ-ОА. Тоа е ретка историска шанса, која БПЦ не треба да ја пропушти, рече владиката Наум
Тој нагласи дека Македонија и Бугарија имаат заедничка религиозна историја. – Ние сме биле дел од Бугарска Егзархија. Луѓето тогаш (кон крајот на 19. век и во почетокот на 20. век) биле разделени меѓу Егзархијата и Цариградска патријаршија, но повеќето биле егзархисти“, изјави владиката Наум.
рече дека со писмото до Бугарската црква на тој начин отворајќи една нова страница во прашањето за црковниот статус на МПЦ-ОА.
-Испративме писмо до Светиот синод на БПЦ со барање да се дискутира прашањето за признавањето на Македонската православна црква – Охридска архиепископија од Бугарската православна црква. Чекаме одговор од бугарскиот Синод. БПЦ има шанса со самото признавање на МПЦ да стане црква мајка на МПЦ. Тоа е ретка историска шанса што БПЦ не треба да ја пропушти “, категоричен е митрополитот Наум.
Светиот синод на МПЦ – ПА го испратил писмото до БПЦ на 9 овој месец по редовна седница на МПЦ-ОА во Скопје на која било едногласно одлучено да се упатат одредени предлози и барања до сестринската црква.
– Македонската православна црква – Охридска архиепископија ќе ја препознае и признае Бугарската православна црква – Бугарска Патријаршија како Мајка Црква, која прва ја прифаќа и признава нејзината автокефалност, истата ја обзнанува и актуелизира, претставува и се застапува за неа пред Вселенската патријаршија и пред другите помесни цркви, се нагласува во писмото.
Синодот од Скопје бара од БПЦ да воспостави „евхаристичко единство со возобновената Охридска Архиепископија во лицето на Македонската православна црква“.
Со евентуалното потпишување меѓу двете цркви, се бара воспоставување единство меѓу двете епископии што ќе биде основа за „евхаристичко единство и со епископиите од останатите помесни православни цркви“.Тој е скептик дека бугарските владици ќе решат да ја признаат автокефалноста на МПЦ, бидејќи, како што објаснува, тоа може да отвори проблем со ост