Просечната нето плата во јули годинава изнесувала 21.013 денари, а бруто платата 30.851 денари.Според Државниот завод за статистика, нето платата е зголемена за 1,1 отсто, а бруто платата за 1,3 проценти.
Зголемувањето се должи на порастот на платите во секторите Рударство и вадење камен за 8,5 отсто, Градежништво за 7,6 и Транспорт и складирање за 6,1.
Намалување на просечната месечна нето плата во однос на претходниот месец е забележано во секторите Административни и помошни услужни дејности за 3 отсто, Снабдување со вода, отстранување отпадни води, управување со отпадни дејности за санација на околината за 2,2 и Информации и комуникации за 1,9 проценти.
Во јули 2013 година, 1,5 отсто од вработените во Република Македонија не примиле плата.Според Државниот завод за статистика, нето платата е зголемена за 1,1 отсто, а бруто платата за 1,3 проценти.