Сопругата на севернокорејскиот лидер, Ким Јонг-ун, не била видена во јавноста цели седум месеци. Откако севернокорејскиот водач Ким Јонг-ун нареди егзекуција на своите двајца вујковци и на поранешната љубовница, многумина со право се прашуваат каде е неговата сопруга Ри Сол-ју.Првата дама на Северна Кореја веќе со месеци ја нема во јавниот живот, па се појавиле шпекулации дека е бремена или дека можеби паднала во немилост.
Експертите кои се упатени во ситуацијата во Пјонгјанг се сомневаат дека Ри Сол-ју, која е претставена како прва дама во 2012 година, веројатно паднала во немилост кај сестрата на Ким Џонг-ун, Ким Јо-џонг, која е најмоќна личност зад диктаторот. Ким Јо-џонг е главната личност задолжена за пропагандните активности на Северна Кореја и има многу неблагодарна должност – да го возвишува ликот и делото на Ким Џонг-ун.
Од друга страна, Ри последен пат била видена во јавност на 28 март во обиколка на здравствен комплекс во Пјонгјанг.
Тишимитсу Шигемура, професор универзитетот Васеда во Токио, смета дека има неколку можни причини за отсуството на Ри од јавниот живот, а една од нив може да биде бременост.
– Поради извештаите за можни напади и рушење на Ким, можеби Ри е под строга заштита и ја чуваат деноноќно – рекол Шигемура.
Кога Ри во 2012 година исто така „исчезнала“ имало различни претпоставки, а потоа Денис Родман по посетата на Северна Кореја открил дека се породила. Така е можеби и сега, но исто така, експертите предупредуваат дека на оние кои паѓаат во немилост, Ким не им дозволува да бидат блиску до него, а така било и со неговиот вујко кој не бил виден долго време, а потоа и ликвидиран, пренесува „Индепендент“.Првата дама на Северна Кореја веќе со месеци ја нема во јавниот живот, па се појавиле шпекулации дека е бремена или дека можеби паднала во немилост