Претходната недела Специјалното обвинителство кое е неуставно според член 106 од Уставот на Република Македонија изврши каубојски упад во УБК, не баре Џон Вејн влегува во некој салун. Дали всушност им се потребни примероци од фајловите во УБК за да можат да им „помогнат“ на вештаците (во/од странство) кои треба да вршат вештачење на снимките?Та преку случај Таквото од Т случаите на СЈО.
Член 106
Јавното обвинителство е единствен и самостоен државен орган кој ги гони сторителите на кривични дела и на други со закон утврдени казниви дела и врши и други работи утврдени со закон. Јавното обвинителство ги врши своите функции врз основа и во рамките на Уставот и закон. Јавниот обвинител го именува и разрешува Собранието за време од шест години.
Во продолжение еден малку модифициран фејсбук статус. (оригиналот достапен на https://www.facebook.com/profil.thesmallpriest/posts/343355629346759)
Пендаровски сакаше избори уште во април, при што имаше жестока кавга со Заев.
За да ја научи лекцијата привремено беше тргнат од сите јавни настапи, а потоа се појави на ТВ Телма при што ја величаше црпката светимуртинска. Стево сакаше избори и на 5-ти јуни затоа што веќе му беше јасно дека после тоа на сите (а посебно на членовите на СДСбезМ) ќе им биде јасно дека Заев сака само да спаси глава, а партијата ќе се најде во уште поголема криза. Муабетите (кои фантомите што ги консултирав ниту ги потврдија ниту ги негираа) во тој период беа дека Заев бара Бејли да му гарантира 35 пратеници, меѓутоа како што се доближуваме до датумот за избори во САД на Бејли толку повеќе му гори под нозе и затоа сакал избори на 5-ти јуни.
Работите не цветаа и на релација СОРОС – СДСбезМ (претходно СДСМ). https://www.facebook.com/profil.thesmallpriest/posts/260267440988912 Се некаде до 22:30 на 11.05 извори од СДСбезМ тврдеа дека ќе се поднесат листи под притисок од Пендаровски. Во ДИК беше најавено дека лично Груевски ќе ги донесе листите на ВМРО-ДПМНЕ. Од тоа ништо не бидна, затоа што СДСбезМ (претходно СДСМ, а претходно СКМ-ПДП) во последени момент (повторно) се откажа под закрила на чадорот од избори. Летото знаевме дека ќе помине онака како што помина. Заев ги изневери шарените и на 18 јуни не успеа да им ги изнесе на улица ветените 40.000 граѓани како поддршка за нивното уривање на Прометеј со чаршаф. Не успеаа да го урнат Прометеј.
Од доверливи извори во СДСбезМ дознав дека одложувањето на изборите е поради внатрепартиската неподготвеност да се отиде на избори и дека се што имаат е СЈО, нешто што тогаш се уште не ми се веруваше. Меѓутоа по случувањата од последната недела ми стана сосема јасно. Иницијална каписла за ова глупирање со УБК е (нормално) фантомскиот собир кој што го направи ВМРО-ДПМНЕ. Низ одредени кругови се шират муабети дека снимките од нелегалното следење на комуникациите биле однесени во Германија на аудио вештачење (или како и да се вика) при што била потврдена автентичноста на аудио записите. Следно што треба да се направи (се извинувам ако овој дел не е технички пренесен како што треба) е да се потврдат дигиталните отпечатоци на тие снимки. Секој од тие аудио сигнали минувал низ базни станици при што има свој временски и дигитале н потпис од дадена базна станица, и секој од тие дигитални записи има свој „отпечаток“ на опремата на која е снимен. Она што снимките што ги пушташе Заев се во стерео техника треба да биде само еден доказ дека навистина се направени на систем за следење на комуникации, односно едниот соговорник го слушаме во лева слушалка другиот во десна. Што треба да се внимава сега?! Дали дигиталните отпечатоци соодветствуваат на опремата која ја поседува УБК? И дали временските потписи од базните станици соодветствуваат за „левиот“ и „десниот“ соговорник? Она што треба и тоа како да не загрижува е што ако снимките кои ги поседува СЈО немаат дигитален потпис од опремата во УБК и затоа сакаа во ДивљиЗапад стил да влезат во УБК и да ги земат сите материјали, обезбедени преку ПИМ? Тоа е исто како на форензичар кој истражува убиство кое самиот го сторил му дадете ваши отпечатоци или било каков ваш ДНК материјал. Зошто СЈО не сака да спроведе вештачење во Македонија туку во лабораторија и земја која ја дојавил чадорот? Дали на СЈО му останува оваа плукни залепи методолигија за да го заштити чадорот и СДСбезМ (претходно СДСМ, а претходно СКМ-ПДП статутарно прогласени за наследници на СКМ)? Деталното разработување на постапките и консеквенците од однесувањето на СЈО како и начините на кои работи им го оставам на фантоми експерти поправни науки и безбедност.
Та преку случај Таквото од Т случаите на СЈО.
Член 106
Јавното обвинителство е единствен и са