Дали сме генерација која не сака врски?

Познатата блогерка Кристи Вилкинсон го изрази своето мислење за врските во денешниот свет. Погледнете го нејзиниот текст кој проблемот го погодува погодува во суштината.„Сакаме да имаме слика од различен филџан кафе на Инстаграм секое утро, слика од нашите нозе со нови интересни обувки. Сакаме да имаме врски што можеме да ги објавиме на Фејсбук и што секој ќе ги лајкува и коментира. Сакаме некој со кој ќе одиме на ручек во сабота, некој кој ќе ни праќа пораки во неделното утро, некој кој ќе биде нашиот плус гостин на свадбите, но ние сме генерација која не сака врски.
Се трудиме да ја најдеме вистинската личност. Читаме текстови од типот „5 начини да дознаш дали е заинтересиран за тебе“ со надеж дека ќе ја вовлечеме личноста во врска како да заршуваме некој проект. Вложуваме се повеќе време во ажурирање на Инстаграм профилите отколку во личниот развој. Ние не сакаме врски.
Разговараме и се дружиме преку допишувањето, одиме на кафе и пиво, и правиме се што можеме за да избегнеме вистински љубовен состанок. Разговараме час и половина само за да се вратиме дома и да продолжиме да се допишуваме. Се натпреваруваме во категориите: „Најнезаинтересиран/а“, „Најдобар став не-ми-е-гајле“, „Најдобри во емотивно недостапните“, а на крајот завршуваме како добитници на титулата „Најверојатно сам/а“.
Ја сакаме само фасадата на односот, а не сакаме да работиме на врската. Сакаме држење за рака без контакт со очите, нежни допири без сериозен разговор. Сакаме убаво ветување без вистинска посветеност, годишнини без 365 денови работа и посветеност која води до нив. Сакаме да бидеме „среќни до крајот на животот“, а не сакаме да вложиме напор овде и сега. Сакаме длабока поврзаност додека гаиме плитки работи. Копнееме за свет со таква љубов без волја да се бориме за неа.
..Го сакаме се она што ќе ни даде илузија дека сме во врска, но не и да бидеме во вистинска врска. Ги сакаме наградите и го избенуваме ризикот, целата исплата без трошоци. Сакаме да се поврземе – доволно, но не премногу. Сакаме да се посветиме – малку, не премногу. Забавуваме, гледаме каде ќе се движат работите, не ги менуваме, само се дружиме. Со една нога сме веќе надвор, го држиме едното око отворено, и се држиме на растојание – си играме со туѓите чувства, но најмногу со своите.
Кога работите стануваат премногу реални, бегаме. Се криеме. Си одиме. Има и други риби во морето. Секогаш постои и друга шанса да се најде љубовта…
Се надеваме дека ќе испловиме директно во среќата. Сакаме да „симнеме“ нечија грижа кон нас како да е апликација, и тоа апликација што може да се „апдејтира“ секој пат кога нешто не оди по планот, лесно се става во „фолдери“ и може да се избрише штом веќе не ни е од корист.“„Сакаме да имаме слика од различен филџан кафе на Инстаграм секое утро, слика од нашите нозе со нови интересни обувки. Сакаме да имаме врски

Пронајдете не на следниве мрежи: