Можеби зборот „Спонзоруш“ не е најсоодветен збор, но поради недостаток да се доловат мажите кои живеат на сметка на жените и овој збор би можел да заврши работа. Најчесто ова однесување се припишува на жените, но, има се повеќе машки кои често го „забораваат“ паричникот во другите панталони. Дали некогаш сте сретнале маж од овој тип?
Има мажи кои постојано наоѓаат оправдување, зошто после вечерата или кафето во некој ресторант не можат да ја платат сметката и тие изговори најчесто се банални. И ова не го прават само со своите партнерки, туку и со своите пријатели.
Таквите типови на мажи скоро секогаш успеваат да ги залажат и уверат своите пријатели дека ќе ја платат сметката наредниот пат. Секогаш нарачуваат нови и нови рунди на пијалоци, но кога ќе дојде времето да се плати сметката, тие имаат безброј изговори.
Има и такви кои што од еден став, се преобразуваат и го менуваат истиот. На пример, на сите ваши излегувања тој ве части или барем делите по пола, што е разумно, но моментот кога ќе се вработите, тој престанува да плаќа било што и тоа го прави секогаш. Односно сега вие ја имате позицијата да плаќате не само понекогаш, туку цело време. Доколку пробате да извлечете нешто од нив за нивното однесување, одговорот би бил, дека едноставно нема поента да плаќа, кога веќе вие заработувате.
Постојат и оние кои не само бараат да бидат издржувани самите они, туку и целиот нивни круг на пријатели. Во овие случаи, не само вашиот партнер, туку и неговите најблиски во вас гледаат само пара.
Бидете внимателни и забележете ги знаците уште на почеток. Доколку почнат да „позајмуваат“ пари од вашиот паричник, да го возат вашиот автомобил без ниеднаш да наполнат бензин или да прават долги разговори на вашиот мобилен, се само дел од низата показатели дека тој е „машка спонзоруша“, а момците, како и девојките со ваков став секогаш ќе останат исти.Можеби зборот „Спонзоруш“ не е најсоодветен збор, но поради недостаток да