Дали сте доволно гласни во кревет

Според една нова студија, луѓето кои емитуваат звуци за време на сексот, обично имаат подобар секс. Да ве охрабриме да бидете погласни во кревет, пробајте еден од овие совети кои ќе ви загарантираат подобар сексуален живот.
Тивко стенкање
Без звук, не постои поврзаност. Затоа дајте му на вашето момче некои вербални знаци кога ќе започне со акција. Стенкањето е добар знак дека ви се допаѓа она што го прави.
Задоволно шепотење
Начинот на кој парот комуницира за време на сексот е огледало на тоа како комуницира и во врската. Обидете се да се отворите за време на сексот, исто како во не-сексуални моменти со цел да го решите проблемот со срамежливоста која ве спречува да му дадете насока на партнерот за она што ви се допаѓа во сексот. Кога веќе навистина уживате во она што го прави, шепнете му на уво: “Ова е толку добро” и “само продолжи.”
Секси воздишка
Можеби вашиот дечко го погодил совршеното место, но потоа се префрлил на друго или  променил поза. За да го вратите назад кон она што тој најдобро го прави за вас, земете ја неговата рака, или лицето и воздивнете за да му покаже колку ви се допаднал претходниот потег.
Не плашете се да бидете гласни
Кога ќе пристапи оргазамот, покажете му го тоа без ограничување, со звуци и изрази на лицето. Колку сте погласни, толку сте посамоуверени во сексот, а тоа е нешто што најмногу ги возбудува момците …
Среќен крај
Ако не се толку гласни, момците тешко ќе препознаат дали сте доживеале оргазам или не. Многу момци се навистина несигурни и не знаат дали партнерката совршено одглумила оргазам, па затоа пуштете го гласот за да знае дека сте уживале. Направете го се она што чувствувате дека е природно, без разлика дали тоа е “ооо, дааа” или долга воздишка.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Според една нова студија, луѓето кои емитуваат звуци за време на сексот, обично имаат подобар секс. Да ве охрабр

Пронајдете не на следниве мрежи: