Дали сте меѓу нив: Ова се особините на ментално јаките луѓе!

Оваа енергија е многу важна за соочување со секојдневните ситуации. Прочитајте што силните луѓе не прават и обидете се тоа да го примените: -Не се самосожалуваат
Многу животни проблеми се неизбежни, но самосожалувањето е работа на избор. Без оглед каков проблем имате ова не помага. Не треба да ја трошите енергијата размислувајќи за проблемот туку размислувајте за наоѓање на решение.
-Не ги обвинуваат другите
Понекогаш сите доаѓаме во вакво искушение. Ако размислувате вака ја препуштате контролата над вашиот живот. Преземете целосна одговорност.
-Не се плашат од промени
Иако најдобро се чувствуваме во познато опкружување, никако не треба да се избегнуваат предизвиците и промените за навистина да уживате во животот. Секако, не се сите промени добри, но важно е да ги препознаете како некој предизвик и секако да не се плашите од сите промени.
-Не ја трошите енергијата на работи кои не можат да се контролираат
Премногу често се грижиме за работите на кои не можеме да влијаеме и кои не можеме да ги промениме. Најдобро е да се избориме со „бурата“ а не да се правиме дека тоа не се случува.

 

-Не се трудат да ги задоволат другите
Често слушаме „Не ме интересира што другите зборат“ но во многу случаи тоа е само одбрамбен механизам од страна за да не бидеме повредени. Не е лесно да и се спротивставите на другите со својот став и однесување но тоа е единствен начин.
-Не се плашат од ризици
Секојдневно носиме десетина или стотина одлуки, макар и оние „малите“ и неважните. Тие одлуки главно ги носиме на основа на чувствата, а не се трудиме да го процениме ризикот кој го носат со себе. А за големите одлуки секогаш мислиме на ризикот кој го носат. Секако треба да размислуваме за одлуките, но некогаш треба и да ризикуваме.
-Не живеат во минатото
Анализирањето на работите од минатото е важен дел од изградување на менталната сила и корисен начин да научиме нешто ново. Меѓутоа живеењето во минатото е најлош избор. Помирете се со минатото.
-Не ги повторуваат грешките
Од своите грешки извлекуваат поука и се трудат да не ги повторуваат.
-Не им завидуваат на другите
Ментално јаките луѓе се сигурни во своите цели, и не им завидуваат на другите за постигнувањата.
-Не се предаваат
Сите понекогаш сме обесхрабрани и поразено кога во нешто нема да успееме. Иако неуспехот се смта за лош, невозможно е во нешто да успееме а никогаш да не сме „паднале“. -Не се самосожалуваат
Многу животни проблеми се неизбежни, но самосожалувањето е работа на избор. Без оглед каков проблем

Пронајдете не на следниве мрежи: