Откако WhatsApp додаде end-to-end енкрипција на својата платформа, најголемиот конкурент Viber, исто така одлучи да ги прошири сигурносните нагодувања.Апликацијата која брои преку 711 милиони корисници, денес претстави нова енкрипција на пораките и повиците, која ги вклучува и групните допишувања до 200 корисници, како и опцијата „hide“ која се наоѓа покрај опцијата за бришење.
End-to-end енкрипција значи дека ниту провајдер не може да пристапи кон нечија порака во ниту било кој момент.
Микаил Шмилов, директорот на Viber, изјави дека „компанијата работела на ова со години.“
Енкрипцијата ќе има неколку нивоа на безбедност, кои што ќе бидат прикажани на десната страна од екранот во облик на катанчиња во различни бои. Сивата боја ќе значи дека разговорот е целосно кодиран. Скриените допишувања ќе имаат и ПИН код за пристап.
Но, можеби најинтересната опција за криење на одредено допишување и заклучувањето на истото е четирицифрен ПИН код. Секако, за да ги добиете овие опции, потребно е да ја ажурирате апликацијата.Апликацијата која брои преку 711 милиони корисници, денес претстави нова енкрипција на пораките и повиците, која ги вклучува и групните допишувања