Дали сте „работохоличар“?

„Да живеете – не значи да дишете, туку да работите“.Така говореше филозофот Жан Жак Русо, а го цитираа сите кои ја славеа работата. Оваа мудрост е најомилена на оние кои од вредни личности се претвориле во работхоличари и несфатливи за луѓето кои многу повеќе го сакаат слободното време.
Како изгледа профилот на некого кој премногу време поминува на работнот место. Каде престанува пожелната одговорност, а каде почнува неумереноста?
„Работохоличарот тешко ги поднесува моментите на приватност затоа што тогаш попуштаат одбранбените механизми, па може да се отворат прашања и дилеми кои се занимаваат со прагматични проблеми. Слободното време се поистоветува со непријатните чувства на досадување, не се знае што да се прави со себе и така луѓето се штитат со бегање во целовременски активности“ – вели социјалниот психолог Ерих Фром.

Типичниот работохоличар поминува 10 часа дневно на работното место – и кога мора, но и кога работата е завршена. Обврските му се на прво место, а приватното задоволство го става на последно место.
„Во моментите на слобода имаме можност да истражуваме, преиспитуваме и да се враќаме на себе, да сфатиме што сакаме, колку вредиме, кои се нашите цели и што е смислата на животот. Тоа што е посебно важно, но и најтешко,  е да ја развиеме критичката свест и сопственото мислење. До тоа се доаѓа дури откако ќе се ослободиме од разните социјални улоги и секојдневие, кое не ограничува“ – тврди психологот.
Тој додава дека работхоличарите имаат емоционални и социјални потреби. Немаат развиена свест за значењето на отворената и конструктивната комуникација со партнерот и другите членови на семејството, ги избегаваат и саботираат. Така влегуваат во волшебен круг – оддалечени од другите и  повторно бегаат. Од нивна перспектива сите се неработници и мрзливи. Додека тие се потат од обврски, останатите „крадат“ денови и ја користат секоја прилика да ги одбегнат обврските. Така говореше филозофот Жан Жак Русо, а го цитираа сите кои ја славеа работата. Оваа мудрост е најомилена на оние кои од вредни личности се претвор

Пронајдете не на следниве мрежи: